Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со целосно бесплатно мобилно и електронско банкарство до 15-ти април

Објавено

на

Во согласност со мерките на Владата за спречување на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на своите клиенти и вработени, НЛБ Банка во периодот до 15.04.2020 година на сите свои клиенти физички лица им овозможува бесплатно извршување на сите трансакции преку електронско и мобилно банкарство.

Во овој период  клиентите ќе имаат можност да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку мобилен телефон или комјутер, без провизија за електронски налог и без трошоци за месечен надомест за користење на НЛБ мКлик мобилната апликација.

НЛБ мКлик мобилното банкарство може самостојно да се активира со преземање на апликацијата на Google Play и Apple store. Со избирање на НЛБ Standard пакетот, клиентите можат директно преку својот мобилен телефон, самостојно да ги реализираат сите банкарски трансакции во денарскиот и девизниот платен промет, да уплатат рата за кредит и картичка, да ги платат сите режиски трошоци, како и да имаат увид на сите сметки и трансакции од кое било место, 24/7.

НЛБ Банка апелира до сите свои клиенти да се грижат за јавното здравје, да се заштитат себеси, а со тоа и да ги заштитат другите. Преку користење на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство сите трансакции можат да ги реализираат од својот дом, без потреба од посета на експозитура.

Заедно можеме да ги надминеме сите предизвици, доколу одговорно се однесувме и ги почитуваме превентивните мерки. Останете во Вашиот дом, бидејќи домот е место каде се луѓето кои најмногу ни значат. Ние сме со Вас заедно за се што следи и сме достапни на социјалните мрежи, на веб страницата www.nlb.mk, и на телефонскиот број 02/15-600.“ – изјавуваат од Банката.

Домашни банки

ИутеКредит со навремена уплата на данок на добивка од 7,7 милиони денари

Објавено

на

Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија со своето две и пол годишно постоење и делување на македонскиот пазар настојува да придонесе во економијата и ликвидноста на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

Објавено

на

Во услови на справување со актуелната сериозна опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, поддржувајќи ги препораките и мерките на Владата, ТТК банка АД Скопје денес изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година во износ од 10.460.780 денари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавна понуда од НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти – физички лица

Објавено

на

Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на COVID-19, НЛБ Банка објави ПОНУДА за поддршка на сите свои клиенти, физички лица преку посебни услови за олеснување на отплатата на сите кредитни изложености. (more…)

Продолжи со читање

Популарно