Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда.

НЛБ Банка АД Скопје, иако претходната година не исплати дивиденда, во своите најави изјавуваше дека нераспределената добивка од претходните години ќе им биде исплатена на акционерите.

Според последните информации од Банката, објавени на Македонска берза, НЛБ Банка АД Скопје ги објави предлог Одлуките за претстојното собрание на Банката, кое ќе се одржи на ден 19.11.2021 година.

Па така, долгоочекуваните најави ќе станат реалност и согласно Предлог-одлуката за употреба на акумулирана добивка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година во износ од 1.672.270.392,00 денари ќе се распредели за:

  • Исплата на дивиденда во износ од 503.895.990,00 денари;
  • За општ резервен фонд 1.168.374.402,00 денари.

Акумулирана добивка на НЛБ Банка АД Скопје за 2020 година во износ од 1.022.311.017,00 денари ќе биде употребена за исплата на дивиденда.

Од овие податоци можеме да заклучиме дека НЛБ Банка АД Скопје на своите акционери за 2019 и 2020 година ќе им подели дивиденда на вкупен износ од 1,53 милијарди денари.

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк.

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот The Banker

Објавено

на

За „Банка на годината во 2021 година во Република Северна Македонија“ е прогласена Комерцијална банка АД Скопје. Оваа престижна награда финансискиот магазин The Banker ѝ ја доделува на Комерцијална банка втора година по ред, препознавајќи ги нејзината клучна улога во поддршката на економското закрепнување во земјава и излегувањето во пресрет на потребите на клиентите.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кире Наумов и Фарук Исмаили ќе продолжат да раководат со Развојната банка

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Петер Зелен реименуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно