Connect with us

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за VISA Business картички за правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка од 1 декември 2021 година започнува промотивна кампања за Visa Business картичките за правни лица која ќе трае до 31 декември 2021 година.  Во рамки на кампањата Банката нуди промотивни поволности за сите нови и постоечки корисници на Visa Business картичките.

Сите нови клиенти кои ќе аплицираат за Visa Business картичките во промотивниот период ќе ја добијат картичката без членарина за првата година, додека сите нови и постоечки корисници кои ќе направат најмалку 15 или повеќе трансакции во промотивниот период ќе бидат ослободени од членарината за основната картичка за следната година. Дополнително за овие корисници следува и подарок – изненадување од Банката.

НЛБ Visa Business картичките се наменети за правни лица за подмирување на секојдневните службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство,  подигнување готовина како и за сите оние правни лица кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби кои гласат на име на правното лице.

Платежни картички

АПЛИЦИРАЈ, АКТИВИРАЈ И ДОБИЈ БОНУС со Visa Gold кредитните картички на Халкбанк!

Објавено

на

Од 15.03.2023 сите клиенти кои ќе аплицираат за Visa Gold кредитна платежна картичка за физичко лице издадена од Халкбанк АД Скопје имаат можност да добијат 500 бонус поени на картичката. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

ШПАРКАСЕ БАНКА: ПРВА БАНКА ШТО ЌЕ ИЗДАВА ЦЕЛОСНО РЕЦИКЛИРАЧКИ КАРТИЧКИ 

Објавено

на

Како дел од зелената транзиција, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост. Производството на картички на разградлив материјал, ќе влијае да се заштедат минимум 300 кг пластика произведена и одложена во животната средина годишно, или еквивалент на 1.800 кг CO2. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

ИутеКредит ја воведува првата биоразградлива картичка во земјата

Објавено

на

Еко свесноста е еден од главните принципи во работењето на ИутеКредит Македонија. Постојаното залагање за развој на финансиски услуги кои ќе остават што помал белег на природните ресурси се пресликува и во користење на производи кои се во синергија со оваа мисија на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно