Connect with us

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard Business картичките за правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка од 10 октомври, 2020 година започна промотивна кампања за Mastercard Business картичките за правни лица која ќе трае до 10 ноември 2020 година.

Во рамки на кампањата Банката нуди промотивни поволности за сите нови и постоечки корисници на Mastercard Business картичката како и можност за користење на единствен пакет со дозволено пречекорување и бизнис картичка врзана со трансакциската сметка на клиентот.

Сите нови клиенти кои ќе аплицираат за Mastercard Business картичките во промотивниот период ќе може да ја добијат без членарина, додека сите постоечките корисници кои ќе направат најмалку 10 или повеќе трансакции ќе бидат ослободени од членарината за основната катричка за следната година.

Како дополнителна поволност за сите корисници на Mastercard Business картичките е можност за следење на онлајн обука на тема: „Изработка на готовински парични текови“.  Предвидената обука ќе се одржи од страна на стручни експерти во организација на НЛБ Банка. Сите заинтересирани фирми ќе можат да се пријават на e-mail адресата: cash-flow@nlb.mk.

НЛБ Mastercard Business картичките се наменети за правни лица за подмирување на секојдневните службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство,  подигнување готовина како и за сите оние правни лица кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби кои гласат на име на правното лице.

Повеќе информации за промотивната кампања клиентите може да добијат на веб страницата www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката,  на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Платежни картички

Mastercard кредитни картички од Комерцијална банка без надомест за аплицирање

Објавено

на

Дозволете си повеќе со кредитните картички од Комерцијална банка, кои до 15.06.2023 година може да ги добиете и без надомест за аплицирање и обработка на барање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

Објавено

на

Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – Штеди и кога плаќаш. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од 24.04.2023 година својата палета на платежни картички ја дополнува со нова кредитна платежна картичка Visa Travel. (more…)

Продолжи со читање

Популарно