Платежни картички
НЛБ Банка со промотивна кампања за сите Mastercard кредитни картички за физички лица – Вистинска можност да добиете повеќе!


Почнувајќи од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања со која постоечките и новите корисници на некоја од НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица имаат вистинска можност да добијат повеќе.
Имено, во периодот од 10 мај до 30 јуни годинава, за постоечките и новите корисници на Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold и Mastercard HaPPy картичките, НЛБ Банка овозможува единствени поволности, парична награда или бесплатна членарина за првата година од користењето.
Поконкретно, во промотивниот период, 1.000 клиенти – иматели на некоја од споменатите Mastercard картички кои ќе направат најголем број трансакции ќе добијат паричен износ во висина од 2.000 денари на нивната картичка. Дополнително, сите оние кои, во промотивниот период, ќе аплицираат и ќе станат корисници на некоја од наведените Mastercard картички ќе добијат бесплатна членарина за првата година од користењето.
НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица може да се користат во земјата и во странство, за плаќање на продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Мastercard. Дополнително, Mastercard HaPPy картичката е единствената картичка на пазарот која нуди загарантирана можност за cashback за секое нејзино користење.
Повеќе детали за Mastercard кредитните картички и промотивните понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат во сите експозитури на Банката, како и на веб-страницата: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.
Платежни картички
Дали паметно ја користите вашата кредитна картичка?


Возите автомобил и точите гориво во него? Купувате лекови или производи за нега во аптеките? Нарачувате производи онлајн од домашни онлајн продавници? Зошто тогаш не размислите за можноста да добиете попуст на направените трансакции. Односно, да добиете бонус поени кои потоа можете да ги искорстите за нови пазарувања. Токму тоа го нуди бонус програмата на Халкбанк АД Скопје наменета за корисниците на кредитните картички од брендовите Mastercard и Visa издадени од банката, што може да биде одличен начин да заработите од купувањата што сепак требаше да ги направите. (more…)
Платежни картички
Динерс воведе можност за подигнување готовина на банкоматите на Халкбанк


Diners Club Македонија им овозможи на корисниците на картички да подигнуваат готовина од банкоматите на Халкбанк АД Скопје. (more…)
Платежни картички
Заштеда до 12% на резервациите на Booking.com со American Express


Нова одлична поволност за корисниците на кредитните и дебитните Аmerican Express картички издадени од Силк Роуд Банка. Отсега сите корисници на кредитните и дебитните Аmerican Express картички може да уживаат во повеќекратните придобивки при онлајн резервација на една од најголемите меѓународни онлајн туристички агенции – Booking.com. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје