Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица до крајот на декември

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 1.11.2021 до 31.12.2021 година подготви промотивнa кампања за сите кредити за  физички лица. Ова е одличен момент за долгорочна инвестиција за клиентите кои се подготвени оваа есен да зачекорат во нова среќна приказна и сакаат да го преуредат домoт или да купат нов стан или куќа и да ги искористат поволностите на НЛБ потрошувачките или станбени кредити.

Имено за време на промотивниот период клиентите ќе можат да искористат низа придобивки и поволности, при што сите кредити ќе бидат достапни без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот.

Дополнително во овој период за секој НЛБ Потрошувачки кредит клиентите ќе добијат и бесплатна НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка.

Клиентите кои ќе се решат да купат нов стан или куќа ќе можат да ги искористат поволностите за НЛБ Станбените кредити со подолг рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка до 10 години. Како дополнителна поволност за станбените кредити е можноста за користење на  бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун Македонија.

За кредитните продукти на НЛБ Банка  и за промотивната понуда можете да добиете повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Контакт центарот на телефон: 02/15 600

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола доделува бесплатни влезници за ЗОО Скопје

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола е верен пријател на Скопската зоолошка градина. Со посебна акција ја изразува поддршката на едно од најубавите и највеселите места за забава во градот. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека г-н Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 400 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025”

Објавено

на

НЛБ Банка и оваа година е пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025” кој се одржува во Скопје. (more…)

Продолжи со читање


Популарно