Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица до 31-ви мај

Објавено

на

Во периодот од 1.04.2021 до 31.05.2021 година НЛБ Банка започнува промотивна кампања за кредитите за физички лица. За време на промотивниот период клиентите ќе можат да искористат низа придобивки и поволности, при што сите кредити ќе бидат достапни без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот.

Во овој период НЛБ Потрошувачките кредити ќе бидат достапни со фиксна каматна стапка за првите 36 месеци, а клиентите дополнително ќе добијат и бесплатна НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка.

Во рамките на потрошувачките кредити, НЛБ Банка како лидер на пазарот во Банкоосигурување, воведува нов и единствен продукт за животно осигурување. Се работи за сосема нов концепт на животно осигурување кој на клиентите им носи низа придобивки: понуда на пошироко осигурително покритие, брза и едноставна постапка за прием во осигурувањето, како и можност за плаќање на премијата за осигурување преку ратите од кредитот.

Во однос на оние клиенти кои оваа пролет ќе се одлучат да зачекорат во нова приказна и сакаат да купат нов стан ќе можат да ги искористат придобивките за НЛБ Станбените кредити кои се со подолг рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка до 10 години. Како дополнителна поволност за станбените кредити е можноста за користење на бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун Македонија.

За кредитните продукти на НЛБ Банка и за промотивната понуда можете да добиете повеќе информации на веб страницата на Банката или на Контакт центарот на телефон: 02/15 600

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години

Објавено

на

Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

Објавено

на

ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот. (more…)

Продолжи со читање




Популарно