Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со понуда за доброволно приватно здравствено осигурување во соработка со Сава Осигурување

Објавено

на

НЛБ Банка повторно ја прошири својата понуда на осигурителни продукти и во соработка со Сава осигурување воведе приватно здравствено осигурување, со што ја потврдува позицијата на  лидер и предводник на пазарот во Банкоосигурување.

Грижата за сопственото здравје и здравјето за нашите најблиски е најзначајна, па со овој продукт, на клиентите ќе им се овозможи користење на посебно креирани пакети за  ефикасна здравствена заштита. Клиентите ќе имаат можност да изберат помеѓу стандарден и премиум пакет во зависност од сопствените потреби и можности, кои овозможат различни покритија и ги покриваат трошоците за најквалитетно специјалистичко-амбулантско лекување и операции во повеќе приватни болници и поголеми дијагностички центри во државата.

„Со воведување на овој продукт во соработка со нашиот долгогодишен партнер Сава осигурување ja доближуваме врвната здравствена заштита до сите клиенти, особено во време на светска пандемија кога здравјето е во фокусот на нашето секојдневие. Благодарение на поволните здравствени пакети кои ги нудиме, приватното здравствено осигурување станува подостапно до сите кои сакаат најдобро решение за потполна здравствена заштита, а прегледите да ги закажуваат брзо и без чекање.“, изјавија од Банката.

Во врска со оваа понуда од Сава осигурување изјавија: „Дополнителното здравствено осигурување е осигурителен продукт за коj нашите клиенти покажуваат значително голем интерес. Следејќи ја нашата долгорочна стратегија, се одлучивме да го доближиме овој производ поблиску до нашите клиенти, со цел подобро да одговориме на нивните потреби. Овој продукт овозможува користење на бесплатни здравствени услуги во областа на дијагностика, лекување и операции во приватните здравствени установи. Отсега ќе биде достапен во сите експозитури на нашиот долгогодишен  партнер НЛБ Банка“.

Со проширување на палетата на осигурителни продукти и со доброволното приватно здравствено осигурување, Банката продолжува во проширување на својата продуктна понуда со цел овозможување сеопфатен сервис на сите финансиски услуги и целосно опслужување на клиентите.

Повеќе информации за оваа понуда на НЛБ Банка и Доброволното приватно здравствено осигурување можете да добиете на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Kонтакт центарот на телефон: 02/15 600.

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка засади дрвја во знак на успешна реализација на GEFF програмата за финансирање зелена економија

Објавено

на

Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав. (more…)

Продолжи со читање



Популарно