Connect with us

Електронско банкарство

НЛБ Банка со нови современи начини на плаќање во НЛБ мКлик – мобилното банкарство

Објавено

на

НЛБ Банка од денеска за сите свои клиенти воведе нови начини на брзи плаќања во рамките на НЛБ мКлик – мобилното банкарство. Станува збор за две иновативни платежни решенија „Плати на пријател“ и „Подели сметка“ кои на клиентите им овозможуваат да префрлат средства или да поделат сметка со своите пријатели, едноставно само со избирање на контакт од нивниот телефонски именик.

„Како лидер во дигитализацијата на македонскиот пазар, постојано работиме на надградба на дигиталните канали и воведуваме современи, иновативни и технолошки напредни решенија. Со тоа Банката како стабилна институција која ужива висок степен на углед и доверба, користејќи го своето искуство и знаење, полека ги добива карактеристиките на финтек компанија. Со новите функционалности на клиентите им овозможуваме да го искусат најсовремениот начин на плаќање и притоа на брз и едноставен начин да префрлат пари на своите пријатели или со нив да ја поделат сметката само со бирање на телефонски број од нивниот именик. Сега, при секое излегување во град, шопинг, посета на кино или ресторан, или за каква било друга финансиска потреба, клиентите ќе можат да платат на пријател или да ја поделат сметката, а изјавите „не носам готовина“, „го заборавив паричникот, ќе ти вратам утре“ или „јас ќе платам сега, утре ти“, со НЛБ мКлик стануваат дел од минатото“ – изјави г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управен одбор на НЛБ Банка.

Новите функционалности се во насока на подобрување на корисничкото искуство и имаат за цел да понудат нови, брзи и едноставни начини за плаќање, достапни во секое време. На овој начин мобилното банкарство полека го презема приматот на главен канал за извршување на сите банкарски трансакции.

НЛБ мКлик – мобилното банкарство за физички лица овозможува вршење на сите типови на трансакции, како и постојан увид во сите сметки на клиентите. Претставува основна апликација за комуникација меѓу Банката и клиентите и клиентите се во постојана интеракција со Банката преку различни нотификации за реализирани трансакции и приливи, пораки и известувањата. Апликацијата е достапна и може да се преземе на Google Play и Apple store.

Повеќе информации во врска со новите функционалности може да се добијат на следниот линк.

Електронско банкарство

Асоцијација за е-трговија на Македонија потпиша меморандум за соработка со Агенцијата за пошти

Објавено

на

Меморандумот за соработка, што воедно претставува и пристапување на Агенцијата за пошти како почесен член во Асоцијацита за е-трговија, денес го потпишаа директорката на Агенцијата за пошти – Билјана Аврамоска-Ѓореска и в.д. Претстедателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – Филип Чижбановски. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Известување за iBanking системот на Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 09.02.2020 година (денес) поради ажурирање на системски софтвер на серверите во продукциска околина за услугата iBanking во периодот од 18h до 24h часот, можно е продукциските сервери да бидат периодично недостапни. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Се поголем интерес за раст и развој кај македонските компании преку каналот е-трговија!

Објавено

на

Вчера, 3 февруари, во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој се одржа втората сесија од серијалот „E-commerce Afterwork сесии”, на тема: „Имплементација и предизвици при онлајн плаќање”, организирана од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.   (more…)

Продолжи со читање

Популарно