Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со нови кредитни продукти за поддршка на конкурентноста и енергетската ефикасност

Објавено

на

НЛБ Банка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) минатата недела потпишаа договор за финансиски пакет кој е составен од  две кредитни линии во вкупна вредност од 8 милиони евра. Овие нови кредитни линии се дел од Програмата за поддршка на конкурентноста и Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF) и се наменети за правни и физички лица со цел да им обезбедат соодветната поддршка  за инвестиции за енергетската ефикасност и подобрување на конкурентноста.

Во рамки на кредитната линија за енергетска ефикасност која е наменета за физички лица, НЛБ Банка воведе два кредитни продукти за поддршка на инвестициите во зелени технологии и тоа: Енерго Потрошувачки кредит за енергетска ефикасност, на износ до 25.000 еур иЕнерго Хипотекарен кредит за енергетска ефикасност, на износ до 50.000 еур.

Овие кредитни продукти се наменети за  инвестиции во изведба или реновирање на куќа или стан, а со цел постигнување енергетска ефикасност и намалување на трошоците за електрична енергија.  Со овие кредитни продукти можат да се финансираат: енергетски ефикасни прозори и врати, топлинска изолација на надворешни ѕидови, под или кров, топлински пумпи, котли на биомаса или гас, фотоволтаични системи и слично.

Преку кредитната линија за правни лица Конкурентност +, НЛБ Банка овозможува  поддршка на конкурентноста на микро, малите и средни претпријатија (според ЕУ дефиниција). Инвестициите може да бидат исто така со сферата на енергетската ефикасност, но освен тоа подобни се и инвестиции во индустриски објекти кои ќе овозможат подобрување на производствените капацитети (опрема, софтвер), зајакнување на процесите и квалитетот на производите како и подобрување на конкурентноста и усогласеноста со техничките стандарди во согласност со ЕУ законодавството.

Како дополнителна придобивка на новите кредитни продукти е повратот на средства по успешно реализираните инвестиции, и тоа до 20% за физички лица и 15% за правните лица. Покрај ова правните лица ќе имаат можност и за консултантски услуги преку тим од локални и меѓународни експерти ангажирани од ЕБОР кои ќе овозможат бесплатно техничко советување, како и техничка помош во областа на одобрување и верификација на проектите.

Програмата за поддршка на конкурентноста е поддржна од ЕУ, додека Програмата за финанирање на зелена eкономија (GEFF) е поддржана од ЕУ, Австрија и Инвестициската програма за Западен Балкан.

Сите дополнителни информации во врска со овие кредитни продукти клиентите можат да ги добијат на веб страницата на Банката, на телефон 02/15600 или во најблиската експозитура.

Домашни банки

Пензиите ќе се исплаќаат од 27-ми октомври

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник) (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека е поставен нов банкомат на следната локација: во просториите на локалот Шкорпион 13, бул. “Маршал Тито” бр. 79, Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје прва банка од регионот која се вклучува на глобалната коалиција „Прајслес Планет“ (Priceless Planet) на Mastercard за зачувување на животната средина

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, како компанија чија стратегија за општествено одговорно делување се темели на подигнување на еколошката свест, од 20 октомври склучува партнерство со големата глобална иницијатива на Mastercard, наречена „Прајслес Планет“ (Priceless Planet), чија цел е преку својата широка коалиција да обедини повеќе бизниси и потрошувачи од целиот свет за поддршка во засадување 100 милиони дрвја, но и да инспирира колективни акции за решавање на климатските промени. (more…)

Продолжи со читање

Популарно