Кредити
НЛБ Банка со нова промотивна кампања за кредитите за физички лица

Од денеска, први септември, НЛБ Банка започнува нова промотивната кампања за кредити наменети за физички лица. Следејќи ги потребите и барањата на клиентите, во рамките на кампањата овозможени се низа поволности за сите оние кои во периодот од 1 септември до 31 октомври 2022 година ќе аплицираат за некој од кредитните продукти на Банката.
Во промотивниот период, клиентите добиваат единствена можност посакуваниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на заложниот имот притоа со брза и едноставна процедура на одобрување, што претставува дополнителна придобивка за клиентите.
Фокусирана првенствено на корисничкото искуство и задоволство, НЛБ Банка овозможува брз и едноставен процес за одобрување на потрошувачките кредити. Во експозитурите на Банката тие се одобруваат единствено со лична карта, без дополнителна документација, а кредитот е достапен со само една посета на експозитура. За дигиталните корисници, потрошувачките кредити до 600.000 мкд се достапни и преку мобилното банкарство, каде со само неколку клика, средствата од кредитот се достапни веднаш на трансакциската сметка на клиентот.
За сите клиенти кои се во фаза на решавање на своето станбено прашање, Банката нуди станбени кредити со низа различни опции, притоа имајќи флексибилен пристап во наоѓање на соодветно решение за секој клиент, согласно неговите потреби. Исто така, во соработка со повеќе градежни компании, како дополнителна поволност, овозможени се поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.
Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.
Кредити
НЛБ Кредити за физички лица со посебни поволности во месец февруари

Во текот на месец февруари, НЛБ Банка за сите оние кои размислуваат за нови можности и сакаат да ги остварат плановите за кои долго мечтаеле, нуди посебни промотивни поволности за кредитите за физички лица. (more…)
Кредити
Инстант шопинг кредит од Комерцијална банка за уживање во East Gate Mall

Комерцијална банка и East Gate Mall лансираат Инстант шопинг кредит за вистинска слобода во купувањето на самиот почеток од сезоната на празничните попусти. (more…)
Домашни банки
НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании

НЛБ Банка Скопје во соработка со Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ) воведува нов кредитeн продукт за правни лица со субвенционирана каматна стапка. Станува збор за кредитен продукт на износ до 30.000.000 денари, со субвенционирана фиксна годишна каматна стапка до 4% и рок на отплата до 12 месеци. За него ќе можат да аплицираат домашните компании кои оствариле добивка во 2021 и се одлучиле истата да ја реинвестираат. (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер