Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со намалени каматни стапки и нова промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 01.09.2019 до 31.10.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда Банката нуди нови потрошувачки и хипотекарни кредити со пониски каматни стапки, без трошоци за одобрување.

Каматните стапки на НЛБ Кредитите се намалени до 0,7 процентни поени, при што кај НЛБ Потрошувачките кредити започнуваат од 5,3% годишно, додека кај НЛБ Хипотекарните кредити започнуваат од 4,9% годишно.

Во рамки на промотивната кампања сите НЛБ Кредити се одобруваат без манипулативни трошоци, додека кредитите со обезбедување на недвижен имот ќе се одобруваат и без трошоци за проценка. Промотивната понуда важи за сите ново-одобрени кредити.

Воедно, НЛБ Банка во својата понуда воведе осигурување на отплатата на кредитот за потрошувачките кредити, кое е прво и единствено од овој тип на пазарот. Со овој тип на осигурување кредитокорисниците се осигуруваат од неможноста редовно да го враќаат кредитот поради престанок на работен однос, боледување или незгода.

За новите кредитни продукти клиентите можат да аплицираат во најблиската експозитура на Банката или online на следниот линк.

Домашни банки

УНИБанка со голема поволност за сите нови клиенти

Објавено

на

УНИБанка пред неполн месец ја отвори својата нова експозитура која е лоцирана во скопската населба Капиштец. Ова е дел од сеопфатаната стратегија за проширување на мрежата на Банката со што таа станува се подостапна за своите клиенти, за физичките и за правните лица. Новата експозитура се наоѓа на улицата Народен фронт број 17 и впрочем е 32 експозитура на УНИБанка во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

БАНКАТА НА ГОДИНАТА ОСТВАРИ РЕЗУЛТАТ КОЈ ГО ОПРАВДУВА ОВОЈ ЕПИТЕТ – Комерцијална банка оствари фантастична добивка од 37,5 милиони евра во 2021 година!

Објавено

на

Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Очекувања на менаџментот на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно