Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со информација за исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална заштита ќе ја исплати на 6- ти ноември (петок).

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 6.11.2020 година, клиентите ќе можат ги подигнат средствата од парична помош од социјална заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед, според првата буква од презимето и тоа:

– 6 ноември (петок) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

– 9 ноември (понеделник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

– 10 ноември (вторник) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Дополнително, средствата за корисниците на цивилна инвалиднина и парични права од детска заштита, борци и инвалиди, бегалци и азиланти ќе бидат достапни од 04.11.2020 година на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед, според првата буква од презимето и тоа:

– 4 ноември (среда) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

– 5 ноември (четврток) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

– 6 ноември (петок) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Со цел заштита на здравјетo, од банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од НЛБ Банка препорачуваат подигнувањето на средства да се врши на банкомат.

При посета на експозитура, од НЛБ Банка замолуваат за почитување на превентивните мерки, носење заштитна маска, чекање ред на обележаните места и држење растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Депозити

Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка

Објавено

на

Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село

Објавено

на

По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно