Домашни банки
НЛБ Банка со информација за исплата на парична помош од социјална и детска заштита

НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати на 4 јули (понеделник).
Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 4.7.2022 година, клиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:
- 4.7.2022 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
- 5.7.2022 – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со цел заштита на здравјетo, од банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме подигнувањето на средства да се врши на банкомат.
При посета на експозитура, од НЛБ Банка замолуваат да ги почитувате препораките и да одржувате растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.
Домашни банки
Радмила Јованова од Шпаркасе Банка – Филијала Штип со награда за спортски подвиг во 2022 година

Општина Штип традиционално секоја година организира настан – „Избор на спортист на годината на Штип”, на кој се избираат најдобрите спортисти и спортски работници и клубови во изминатата година.
Домашни банки
Добивката на ТТК Банка порасна за 36,4% и дојде до 1 милион евра во 2022 година

Во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје управуваше успешно со сите деловни аспекти од работењето што ја одразува одржливоста на деловен модел. (more…)
Домашни банки
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година

Халкбанк ги објави резултатите од работењето во изминатата 2022 година, кои го потврдија епитетот најбрзо растечка банка во Северна Македонија. Сето тоа постигнато со посветена работа, добро дефинирана стратегија и фокус на зацртаните цели. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје