Домашни банки
НЛБ Банка со информација за исплата на парична помош од социјална и детска заштита


НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати на 3 јануари (понеделник).
Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 3.1.2022 година, клиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:
- 3.1.2022– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
- 4.1.2022– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со цел заштита на здравјетo, од банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од НЛБ Банка препорачуваат подигнувањето на средства да се врши на банкомат.
При посета на експозитура, од НЛБ Банка замолуваат за почитување на превентивните мерки, носење заштитна маска, чекање ред на обележаните места и држење растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.
Домашни банки
Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип


Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)
Домашни банки
Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка со нов Унит Линк производ


Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење. (more…)
Домашни банки
Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“


Најмасовниот и најзабавниот настан „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје повторно се враќа на скопските улиците. На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје