Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со известување за своите деловни соработници

Објавено

на

На 09-ти Ноември 2020 година во Службен весник бр.267, донесен е Законот за измена и дополнување на законот на додадена вредност, во делот на електронска фактура.

Согласно истиот, за електронска фактура ќе се смета и фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат) која ги содржи сите пропишани елементи на фактурата и е доставена по електронски пат до примателот на прометот. Законот ќе биде во примена до 31 Декември 2021 година.

НЛБ Банка АД Скопје ги замолува своите соработници согласно законските одредби, доколку се одлучиле за издавање на фактура во електронска форма да достават до Банката:

  • Известување за издавање на фактура во електронска форма, на маил адресата: efakturi_primeni@nlb.mk (во известувањето да биде наведено од кои емаил адреси ќе бидат испраќани ваквите фактури, доколку не е наведено, Банката ќе смета дека тоа е адресата од која е испратено известувањето).

Деловните партнери кои ќе го изберат ваквиот начин на достава на фактурите, не треба да доставуваат фактури во хартиена форма до Банката во периодот на важење на оваа одредба од Законот.

Важно: НЛБ БАНКА АД Скопје ќе ги прима електронските фактури единствено на е-маил адресата:  efakturi_primeni@nlb.mk.

Домашни банки

Вработените во ПроKредит Банка – најголеми шизици оваа есен!

Објавено

на

Тимската припадност, взаемната поддршка и заедничките вредности и цели се основни работи кои еден тим го прават компактен и професионален. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Премиерот Заев прими претставници на Шпаркасе Банка Македонија: Инвестициите во банкарскиот сектор се силен сигнал за стабилниот финансиски сектор

Објавено

на

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ги прими членот на Бордот на директори на австриската Штаермаркише Шпаркасе Банка д-р Георг Бухер, кој воедно е и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, и претседателот на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Македонија, д-р Глигор Бишев. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка Македонија со информација за исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги информира своите почитувани клиенти дека од денес 03.12.2020 година (четврток), Банката ќе врши исплата на гарантирана минимална помош – ГМП за месец Ноември 2020 година која ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички. (more…)

Продолжи со читање

Популарно