Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со известување за предвремена исплата на септемвриските пензии

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати септемвриските пензии на 28 – ми септември (понеделник).

Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 28-ми септември пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 28 – ми септември до 1 – ви октомври и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

  • На 28.9.2020 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари
  • На 29.9.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари
  • На 30.9.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари
  • На 01.10.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари. 

Со цел заштита на здравјетo, од банката апелираат до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од НЛБ Банка препорачуваат исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 28.09 – понеделник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

Од НЛБ Банка замолуваат за почитување на превентивните мерки, носење заштитна маска, чекање ред на обележаните места и држење растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација: Циркулираат лажни информации за банки, внимавајте кои информации ги земате за веродостојни!

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Пензиите ќе се исплаќаат од 27-ми октомври

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник) (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека е поставен нов банкомат на следната локација: во просториите на локалот Шкорпион 13, бул. “Маршал Тито” бр. 79, Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Популарно