Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со дополнителна исплата на средствата од четвртиот пакет мерки за финансиска поддршка од Владата на РСМ

Објавено

на

Согласно  иницијативата на Владата на РСМ во рамки на четвртиот пакет мерки за справување со COVID- 19 кризата, во НЛБ Банка е извршена дополнитела исплата на финансиската поддршка на граѓаните кои биле распределени во НЛБ Банка, а на кои не им била исплатена поддршката во декември 2020 година.   

Со оваа иницијатива е предвидена исплата на поединечна финансиска поддршка во износ од 6.000 мкд и се однесува на следните категории граѓани: граѓани со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 мкд пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Клиентите можат да проверат дали се корисници на финансиска поддршка и во која банка се распределени, со внесување на својот ЕМБГ преку следниот линк https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/index  

Исплатата на финансиската поддршка во НЛБ Банка ќе се реализира на постоечките трансакциски сметки на клиентите. При тоа со цел да ги користат средствата од финансиската помош, клиентите кои ги немаат ажурирано своите лични податоци, потребно е да ги ажурираат истите во најкус можен рок.

Ажурирањето на личните податоци клиентите можат да го направат онлајн преку веб формата достапна на линкот https://bit.ly/34vsQQS или во најблиската експозитура на Банката.

Воедно, НЛБ Банка ги повикува клиентите кои немаат отворено трансакциска сметка, а се распределени за исплата во Банката, истата да ја отворат во најкус рок во најблиската експозитура на Банката.

За клиентите кои имаат блокирани сметки, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската поддршка. Со цел комплетирање на документацијата за оваа сметка, клиентите задолжително е потребно да се обратат до најблиската експозитура.

Со цел искористување на средствата од финансиската поддршка, клиентите потребно е да го запазат рокот односно најдоцна до 31.5.2021 година да извршат редовно ажурирање на податоците или да отворат трансакциска сметка во НЛБ Банка, а средствата од финансиската помош ќе може да се искористат и по 31.5.2021 година.

За сите детали поврзани околу исплатата, Банката ќе достави СМС пораки до клиентите распределени за исплата на финансиската помош, согласно расположливите контакт податоци.

За сите информации во врска со домашната платежна картичка издадена од НЛБ Банка, клиентите можат нсе обратат на тел: 02 / 15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Домашни банки

Шпаркасе предупредува: Забележани се „phishing“ напади, бидете внимателни!

Објавено

на

Шпаркасе банка информираше дека се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое го фалсификува идентитетот на Охридска Банка АД Скопје, и кое го користи логото на банката, обидувајќи се да извлече податоци преку праќање на мејлови. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање



Популарно