Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

НЛБ Банка со две промотивни кампањи од 01.02.2019 година

Објавено

на

НЛБ Банка спроведува две промотивни кампањи за НЛБ Потрошувачките кредити и НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица во периодот од 1.2.2019 до 28.2.2019 година.

Во рамки на промотивната понуда за НЛБ Потрошувачки кредити, Банката ги нуди НЛБ Виолетовиот плус со полиса за осигурување на живот и НЛБ Сребрените потрошувачки кредити, со поповолни каматни стапки и без трошоци за одобрување. Останатите НЛБ Потрошувачки кредити се одобруваат со 50% пониски трошоци.

Воедно, во истиот период Банката води промотивна кампања за НЛБ мКлик мобилното банкарство. Во рамки на кампањата сите клиенти кои ќе направат минимум 5 трансакции преку НЛБ мКлик мобилното банкарство, добиваат подарок – патничко осигурување.

НЛБ мКлик мобилното банкарство на корисниците им нуди можност за извршување на сите банкарски трансакции, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку НЛБ мКлик клиентите имаат постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, можат брзо и едноставно да плаќаат со само еден клик и директно да комуницираат со Банката.

НЛБ мКлик апликацијата е достапна на Google Play и Apple Store и може самостојно да се инсталира без потреба да се посети банката.

Повеќе информации клиентите можат да добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/ 15 600 или на веб страницата www.nlb.mk

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје, Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири, кој ќе се одржи на 20-ти април во Македонската Филхармонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Крадците украле 150.000 евра од филијалата на НЛБ Банка во Чаир

Објавено

на

По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10:36 часот во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, Банката ја информира јавноста дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки кредит за сите ваши желби од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од 16.04.2019 година започнува со понуда на најповолни готовински кредити со ЕУР клаузула до 30.000 евра без жиранти, со фиксна годишна каматна стапка од 4.9% за првите две години. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange