Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

НЛБ Банка со две промотивни кампањи од 01.11.2018 година

Објавено

на

По повод првиот роденден на НЛБ haPPy картичките, НЛБ Банка подготви промотивна кампања во периодот од 01.11.2018 до 31.12.2018 година.

Во рамки на промотивната кампања, за секоја ПОС трансакција реализирана со НЛБ haPPy кредитните картички, клиентите добиваат двојно поголем износ на кешбек (поврат на средства). Максималниот износ на двоен кешбек за време на промотивниот период е до 20% од износот на трансакцијата. 

НЛБ haPPy картичката e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard која на клиентите им нуди загарантиран поврат на средства (кешбек) со секое купување во земјата и странство. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на кое е реализирана трансакцијата.

За НЛБ haPPy кредитната картичка клиентите можат да аплицираат во експозитурите на НЛБ Банка или во продажните места на Нептун.

Покрај оваа промотивна кампања, Банката ја продолжува промотивната кампања за потрошувачки кредити до 31.12.2018 година. Во рамките на понудата, НЛБ Банка нуди потрошувачки кредити со поволни кредитни услови и каматни стапки. Каматните стапки на НЛБ Потрошувачките кредити почнуваат од 6% годишно, при што каматната стапка е фиксна за првите две години. Во рамки на промотивната кампања кредитите со животно осигурување и сребрените кредити ќе се одобруваат без манипулативни трошоциа сите останати со 50% пониски трошоци.

Исто така, клиентите можат да аплицираат во најблиската експозитура на Банката или online на следниот линк 

Повеќе информации клиентите можат да добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/ 15 600 или на веб страницата www.nlb.mk

Домашни банки

Одличен успех на спортистите од Синдикатот при Стопанска банка АД – Скопје на Бофосијада 2019

Објавено

на

Синдикатот при Стопанска банка АД – Скопје секоја година зема активно учество на банкарските игри во Македонија, а овојпат учествуваше и на меѓународните спортски игри во Србија под името #Бофосијада 2019. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Рекорден број на учесници на јубилејното петто издание на “ВозиПравоВозиЗдраво”

Објавено

на

Петтото јубилејно издание на #ВозиПравоВозиЗдраво во организација на Стопанска банка АД-Скопје помина со најголем број учесници, нов старт, повеќе подароци и вредна лотарија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Второ место за Комерцијална банка на Банкарските спортски игри

Објавено

на

Комерцијална банка го освои второто место во генерален пласман на годинешните Банкарски спортски игри, со два бода заостанување зад првопласираниот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange