Наградни игри
НЛБ Банка со голема наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“

НЛБ Банка Скопје започнува промотивна кампања за НЛБ Станбените кредити, во рамките на која организира наградна игра „НЛБ за млади“. Наградната игра започнува од 1.03.2022, а ќе трае до 31.05.2022 година и нејзин главен фокус се токму младите на возраст до 40 години кои имаат желба да го решат своето станбено прашање. Со наградната игра Банката ќе додели 50 парични награди на износ од 20.000 денари кои ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал за времетраење на наградната игра.
„Свесни сме колку е важно да ја поддржиме помладата категорија клиенти кои се одлучуваат да започнат своја станбена приказна со купување на нов дом. Ова е важна животна одлука од која сакаме да сме дел и сакаме да застанеме зад младите, не само како нивна сигурна банка која од чекор во чекор ќе ги следи низ процесот, туку и да бидеме нивни партнери и дополнително да им го олесниме купувањето на новиот стан или куќа“, велат од Банката.
Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни лица на возраст до 40 години кои ќе аплицираат за НЛБ Станбен кредит во промотивниот период. Извлекувањето на 50-те среќни добитници ќе се изврши на 15.6.2022 година, а добитниците ќе бидат објавени на веб- страницата: www.nlb.mk
Покрај наградната игра поврзана со станбените кредити Банката овозможува и дополнителни поволности кај сите кредити за физички лица. Имено, одобрувањето на станбените, потрошувачките, хипоткарните и автомобилските кредити до крајот на мај ќе биде без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.
За кредитните продукти и промотивните понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат повеќе информации на веб-страницата на Банката: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600
Наградни игри
„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

ПроКредит банка и Mastercard ве носат на возбудливо возење, со новата наградна игра „#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard”, создадена да ве инспирира да негувате здрави животни навики. Наградната игра „#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” ги поддржува основните вредности за кои ПроКредит банка се залага како одговорна компанија – поттикнување на култура на штедење, целокупно подобрување на квалитетот на животот, грижа за нашата животна средина и промовирање на здрав животен стил. (more…)
Наградни игри
Нова наградна игра за корисници на Mastercard кредитни картички од УНИБанка – „ТРОШИ ПОВЕЌЕ, ТРОШИ ПАМЕТНО – КЕШБЕК ОД УНИБАНКА“

Плаќајте со вашата Mastercard Standard или Mastercard Gold кредитна картичка од УНИБанка и квалификувајте се за поврат на средства. Првите 150 во месецот кои ќе извршат 5 трансакции во категориите ресторани, барови, ноќни клубови, хотели, мотели, ресорти или туристички агенции ќе добијат 1.000 денари кешбек! (more…)
Наградни игри
„Подарок со многу нули“ – нова наградна кампања од Халкбанк

Во екот на најеуфоричниот период од годината, кога деновите од календарот се исполнети со датуми што обележуваат многу прослави и празнувања, следствено доаѓа и потребата од пазарување, било за пречекување гости на семејни слави или за пречек на Новата година. Затоа, Халкбанк за своите клиенти повторно подготви кампања со наградување. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје