Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со благодарност до колегите од експозитурите

Објавено

на

Дел од вработените во НЛБ Банка кои се распоредени во експозитурите, овие денови максимално се трудат да ве услужат најдобро и да излезат во пресрет на сите ваши барања.

Како Банка, се грижиме и постапуваме по сите правила за да овозможиме безбедни услови за работа и заштита од Корона вирусот, бидејќи здравјето на нашите вработени ни е најважно од сѐ. Сакаме од срце да им се заблагодариме на сите вработени во експозитурите за ангажманот, пожртвуваноста и посветеноста! Дополнително, сакаме да ги замолиме сите клиенти да ги почитуваат превентивните мерки и да посетуваат експозитура само кога е неопходно, а место тоа да ги користат дигиталните канали кои им се на располагање во секое време. Исто така, со цел превенција од ширење на Корона вирусот, на влезот на сите експозитури на НЛБ Банка, како и внатре во експозитурите, поставени се стикери на под, со цел воспоставување на ред и растојание помеѓу клиентите.” – велат од НЛБ.

Во продолжение споделуваме дел од колегите и работната атмосфера во експозитурите на НЛБ Банка во цела Македонија.

 

Домашни банки

ИутеКредит со навремена уплата на данок на добивка од 7,7 милиони денари

Објавено

на

Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија со своето две и пол годишно постоење и делување на македонскиот пазар настојува да придонесе во економијата и ликвидноста на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

Објавено

на

Во услови на справување со актуелната сериозна опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, поддржувајќи ги препораките и мерките на Владата, ТТК банка АД Скопје денес изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година во износ од 10.460.780 денари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавна понуда од НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти – физички лица

Објавено

на

Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на COVID-19, НЛБ Банка објави ПОНУДА за поддршка на сите свои клиенти, физички лица преку посебни услови за олеснување на отплатата на сите кредитни изложености. (more…)

Продолжи со читање

Популарно