Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка Скопје потпиша Договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд со Развојна Банка на Република Северна Македонија

Објавено

на

Со цел да придонесе кон зголемување на понудата на поволни кредити за основни и обртни средства преку користењето на поволностите на Гарантниот фонд од Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ), НЛБ Банка АД Скопје потпиша Договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд со РБСМ. Со ова НЛБ Банка Скопје се вклучува во државната гарантна шема за поддршка на развојот на домашните компании, преку гарантирање на дел од колатералот по одобрените кредити.

Кредитите ставени под портфолио гаранција се наменети за основни или обртни средства за микро, мали и средни трговци во доминантна приватна сопственост и истите можат да бидат со максимален износ до 30.750.000 денари. Рокот на отплата на кредитите под гаранција може да биде од една до максимум осум години (за основни средства) и до три години (за обртни средства) со можност за вклучен грејс период до една година.

Гаранцијата за кредити за основни средства може да биде до 50% од износот на главницата на кредитот, додека гаранцијата за кредити за обртни средства може да биде до 80% од износот на главницата на кредитот.

Инаку, Гарантната шема е дел од економските сетови на мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија заради справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата, и е дел од Планот за забрзан економски раст на Владата.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно