Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка се соочува со лажен Фејсбук профил и лажна наградна игра

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа „Facebook”, преку страница именувана како „NLB Banka” се споделуваше лажна информација за наводна наградна игра со која на клиентите им се нуди можност за удвојување на нивните средства кои тие ги имаат на својата сметка.

Од НЛБ Банка Скопје потенцираат дека се работи за лажен профил кој го злоупотребува логото и името на НЛБ Банка Скопје и се обидува да собере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа.

„Ве известуваме дека НЛБ Банка Скопје нема никаква поврзаност со оваа активност и во моментов не организира никаква наградна игра преку Facebook. Лажната страница ќе биде пријавена до Facebook како и до надлежните институции во земјата, согласно позитивните законски прописи. Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате Вашите лични податоци додека сте на интернет. Доколку се сомневате на злоупотреба, Ве молиме веднаш контактирајте не на телефон 02/15600″. – се вели во соопштението од НЛБ Банка Скопје.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно