Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

НЛБ Банка се грижи за сите свои корисници

Објавено

на

НЛБ Потрошувачки кредити без трошоци за одобрување, електронско банкарство за правни лица без трошоци за плаќања, како и бесплатна Mastercard Business картичка, се поволностите што ги нуди НЛБ Банка преку две промотивни кампањи кои стартуваа од 01.09.2018 година.

Во рамките на понудата за физички лица, НЛБ Банка нуди потрошувачки кредити со поволни кредитни услови и каматни стапки. Каматните стапки на НЛБ Потрошувачките кредити почнуваат од 6% годишно, при што каматната стапка е фиксна за првите две години. Во рамки на промотивната кампања која ќе трае до 31- ви октомври, кредитите со животно осигурување и сребрените кредити ќе се одобруваат без манипулативни трошоци, а сите останати со 50% пониски трошоци.

Исто така, отсега заинтересираните ќе имаат можност да аплицираат online на следниот линк за НЛБ кредитите, со брза и едноставна постапка за одобрување на кредитот.

Втората промотивна кампања се однесува за НЛБ Проклик – електронско или НЛБ мПроклик мобилно банкарство. Сите правни лица што ќе аплицираат до 30.09.2018 година ќе можат да ги реализираат сите свои електронски плаќања без трошоци за електронско банкарство до крајот на октомври. Исто така имаат можност да добијат бесплатна Mastercard Business картичка за првата година на користење и промотивен подарок.

Повеќе информации за промотивните кампањи за физички и правни лица можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02 / 15 600 или на веб-страницата на банката.

Домашни банки

НЛБ Банка добитник на награда „Компанија ориентирана кон луѓето“

Објавено

на

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк традиционално организираше Ифтар во рамки на месецот Рамазан

Објавено

на

Халкбанк и оваа година, во рамки на месецот Рамазан, традиционално организираше Ифтар за голем дел од своите партнери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Објавено

на

Халкбанк во партнерство со Мастеркард и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ го најавија продолжувањето на својата соработка за третото издание на спортскиот хепенинг „Охрид ТрчаТ“, кој оваа ќе се одржи во периодот од 31 мај до 2 јуни во Охрид. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange