Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка се грижи за искуството на своите корисници

Објавено

на

Корисничкото искуство (UX) ги опфаќа сите аспекти како крајниот корисник влегува во интеракција со компанијата, услугата или производот. Па дури и со веб сајтот на Банката. Најпрво мора да ги исполните потребите на корисниците. Создадете едноставност и елеганција и производ кој корисниците со задоволство сакаат да го имаат. Давање вистинско корисничко искуство, значи исполнување повеќе од наведените потреби на корисниците. Тоа е сет на производ и услуги кои побудуваат убави чувства и возбуда кај корисниците.

Овој концепт ги вклучува и емоциите и однесувањата на корисниците кон производот. Некои го сметаат како субјективен по природа бидејќи значи дека е перцепцијата на секој индивидуален корисник за производот. Меѓутоа, тој е динамичен и константно се менува, како што се менуваат потребите и желбите на корисниците.

НЛБ Банка, постојано работи на подобрување на корисничкото искуство. Од 25.10.2018 до 25.11.2018 година, Банката спроведува “Истражување на задоволството на клиентите”. Целта на ова истражување е зголемување на задоволството од целокупното корисничко искуство на клиентите како и подобрување на услугите и продуктите кои Банката ги нуди. Истражувањето ќе биде спроведено кај клиенти – физички и правни лица, по случаен избор, телефонски или online интервјуа.

Банката однапред им се заблагодарува на сите кои ќе учествуваат во истражувањето.

Домашни банки

Стопанска Банка АД Скопје ја зголеми добивката за над 2 милиони денари

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 година Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка во износ од 2.589.629.000 денари. Станува збор за зголемување на добивката за 37,7% споредено со истиот период од 2017 година, соопшти банката преку Македонската берза. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Важен е ИВАН ЃАКОВСКИ…затоа што се грижи нашиот оброк да биде органски и здрав

Објавено

на

Иван Ѓаковски – некои го познаваат како сопственик на Vega Fresh Bar, некои како активен спортски лик, но оние што не го познаваат треба да знаат дека ова момче од позитивна идеја и лична пасија успеа да изгради сопствен бизнис, кој успешно го развива веќе 4 години. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола го одбележа Светскиот ден на штедењето

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и оваа година го одбележа Светскиот ден на штедењето 31 октомври. Со цел поттикнување на добрите навики кои се учат и стекнуваат уште од мали нозе вработените од Стопанска банка а.д. Битола беа во посета на детски градинки во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струмица. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange