Домашни банки
НЛБ Банка пријатели на македонските одбојкари на Европското првенство

Одбојкарската федерација на Македонија на денешната конференција за печат ги најави деталите за претстојното 34-то Европско првенство во одбојка во машка конкуренција, на кое годинава за првпат ја имаме честа да бидеме домаќини. Вчера официјално започна првенството и ќе трае се до 16 септември. На годинешното првенство покрај нашата земја, домаќини се уште три земји, Италија, Бугарија и Израел.
Натпреварите на македонската репрезентација започнуваат на 30 август, во салата Борис Трајковски во Скопје, со почеток во 20:00 часот, каде нашите момци ќе си ги одмерат силите со репрезентацијата на Данска. Со овој натпревар го започнуваме нашето трето учество на европските шампионати. Во продолжение, целосниот распоред на македонските одбојкари:
30.08.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Данска
02.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
03.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Полска
05.09.2023 (17 часот): МАКЕДОНИЈА – Холандија
06.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Чешка
„На ден пред европското првенство силно се надеваме дека ќе успееме да ја добиеме и освоиме и оваа битка. Утре почнува она што долго го очекувавме и на кое изминатите 10 години макотрпно работевме. Европа нè препозна, ја препозна нашата работа и труд и го добивме Европското првенство да се одржи во нашата држава, во наша арена. Освен што нè препозна Европа, нè препознаа и во нашата држава. Спортот без поддршка не може да ги даде врвните резултати и квалитети, затоа во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на НЛБ Банка за неизмерната поддршка како во претходниот период, но и за овој голем настан како што е Европското првенство во одбојка“, изјави Петар Јовановски претседател на Одбојкарската федерација на Македонија.
На настанот се обрати и селектортот Јошко Миленкоски кој истакна: „На чекор сме до големиот настан, можеби најголем во нашата спортска историја. Европското првенство со сите свои предизвици го привлекува вниманието на целата спортска јавност. Свесни за тоа, се подготвуваме да го дадеме најдоброто од себе, пред сè како учесници на овој спектакуларен собир на најдобрите од светот на одбојката, а потоа и како спортисти кои со својот квалитет, борбеност и мотивација ќе сторат сè за да ги оправдаат очекувањата и со голем спортски резултат да ги израдуваат нашите поддржувачи и симпатизери.“
Никола Ѓорѓиев капитенот на нашата репрезентација пред почетокот на првенството ги сподели своите впечатоци: „Влегуваме максимално спремни на ова европско првенство, би сакал да изразам огромна благодарноста за поддршката која ја добиваме од нашите навивачи, од медиумите и секако од НЛБ Банка како наш пријател. Утре не чека една голема утакмица еден голем ден каде сметам дека треба да влеземе позрело, мудро и трпеливо и заедно со цел Борис Трајковски и цела Макеоднија верувам ќе извојуваме победа…се надеваме утре ќе успееме да ве израдуваме!“
Сите натпревари од Групата Ц ќе се одиграат во салата Борис Трајковски во Скопје. Четирите најдобро пласирани репрезентации ќе обезбедат настап во осминафиналето, каде што домаќини се Бугарија и Италија.
Пласманот на претстојното Европско првенство претставува значителен успех за македонската репрезентација, а задоволството е уште поголемо бидејќи Скопје ја доби довербата да биде домаќин на групата во која игра нашата репрезентација, што сигурно претставува чест и гордост за Федерацијата. По тој повод, НЛБ Банка како еден од главните поддржувачи на спортот и овој пат не ја пропушти шансата да застане зад одбојкарите и стана пријател и поддржувач на Федерацијата во пресрет на ЕП 2023.
Фактот што настапите од ЕП на нашата репрезентација ќе се одржат во Скопје е доволна мотивација за да им дадеме силна и масовна поддршка на македонските одбојкари, во еден од најважните настани во нашата спортска историја!
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство