Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка преку проектот “Рамка за помош” нуди поддршка за микро и малите претпијатија

Објавено

на

НЛБ Банка го започнува проектот „НЛБ Рамка за помош“ како одговор на актуелните случувања и неизвесните економски услови поради пандемијата со вирусот COVID-19, а со цел да им помогне на микро и малите бизниси од индустриите кои се најзасегнати од кризата.

Преку оваа иницијатива, НЛБ Банка ќе им овозможи на микро и малите претпријатија поддршка преку бесплатно рекламирање и промовирање на нивните продукти и услуги преку различни медиуми.

Прекинот и намалувањето на секојдневните бизнис активности, значи намалување на продажбата во тој период, намалување на приходите, а кај некои компании и намалување на бројот на вработени. Со „НЛБ Рамката за помош“, Банката ќе им овозможи на микро и малите претпријатија индиректно да ја зголемат својата продажба, да го вратат нормалниот тек на работење и да ги надминат негативните последици од кризата. Се работи за уникатен проект на ниво на сите банки на НЛБ Групацијата, со што Банката помага не само локално и самостојно како НЛБ Банка Скопје, туку координирано и заеднички со останатите НЛБ членки на едно пошироко и регионално ниво.

Нашите клиенти не се само корисници на банкарските услуги, туку се и наши партнери. Периодите на криза се моменти каде ова партнерство треба дополнително да зајакне. Преку „НЛБ Рамката за помош“ микро и малите претпријатија ќе добијат поинаков тип поддршка, која сметам дека ќе им помогне да го заживеат своето работење, и да ја зголемат продажбата на своите производи и услуги. Во рамките на проектот, на овие претпријатија ќе им овозможиме бесплатен рекламен простор за промовирање на своите производи и услуги со цел да ги доближат до потенцијалните купувачи и на тој начин полесно да се справат со силните притисоци од економската криза предизвикана од пандемијата. Ние сме Банка чие срце и припадност се овде, во овој регион, па ќе сториме сè што е во наша моќ, со заеднички напори да се справиме со оваа ситуација. Треба да сме свесни дека во ова сме сите заедно и борбата е заедничка.“ – истакна г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

Сите микро и мали претпријатија кои имаат потреба од ваква поддршка можат да се пријават на веб страницата на Банката во периодот од 24 јули до 10 август. Сите апликации ќе бидат разгледувани од страна на комисија, при што ќе се се направи евалуација и селекција и ќе се изберат оние претпријатија кои ги исполнуваат условите и критериумите согласно поставените Правила на самата апликација. Избраните компании ќе имаат можност да се рекламираат во периодот од 1 септември до 31 декември.

Со овој проект Банката ги продолжува своите активности во доменот на општествената одговорност, кои започнаа со самиот почеток на кризата преку различни преземени мерки и донации за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, како и Министерството за здравство на Република Северна Македонија во вкупен износ од 50.000 ЕУР.

Повеќе информации во врска со проектот може да се добијат на веб страницата на Банката, преку социјалните мрежи, на телефон 02/15 – 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Домашни банки

Вработените во ПроKредит Банка – најголеми шизици оваа есен!

Објавено

на

Тимската припадност, взаемната поддршка и заедничките вредности и цели се основни работи кои еден тим го прават компактен и професионален. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Премиерот Заев прими претставници на Шпаркасе Банка Македонија: Инвестициите во банкарскиот сектор се силен сигнал за стабилниот финансиски сектор

Објавено

на

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ги прими членот на Бордот на директори на австриската Штаермаркише Шпаркасе Банка д-р Георг Бухер, кој воедно е и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, и претседателот на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Македонија, д-р Глигор Бишев. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка Македонија со информација за исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги информира своите почитувани клиенти дека од денес 03.12.2020 година (четврток), Банката ќе врши исплата на гарантирана минимална помош – ГМП за месец Ноември 2020 година која ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички. (more…)

Продолжи со читање

Популарно