Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка предупредува: Непознати лица испраќаат лажни е-мaил пораки

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје известува дека во текот на денот се испратени лажни е-меил пораки од страна на непознат испраќач кој фалсификувајќи го идентитетот на НЛБ Банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече доверливи податоци од целната група до која е испратен овој маил.

Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката) добиваат пораки од емаил адресата: NLB Banka AD <aorp@nlb.mk>, со предмет на порака: Интербанкарна трансферна исплата/TT-payment.

Банката се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака да не го отвораат прилогот на пораките пристигнати од мeил адресата: NLB Banka AD <aorp@nlb.mk> со цел заштита од злоупотреба на податоците. Доколку ваквите пораки заедно со прилозите биле веќе отворени, потребно е да се обратите за помош до ИТ професионалец.

НЛБ Банка АД Скопје потенцира дека сите нејзини известувања испратени преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.

Во меѓувреме, Банката ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

Домашни банки

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Мобилна апликација ХалкЕко

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во последниот квартал од 2019 година ја пушти во употреба новата мобилна апликација – ХалкЕко која има големо значење во однос на општествената одговорност на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка со известување за експозитура Скопје Ѓорче Петров

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека услугите на експозитуратa на Банката на бул. „Партизански одреди” бр. 171а  во општина Ѓорче Петров, Скопје ќе можат да ги користат заклучно со 31.1.2020 година (петок). Услугите преку банкоматот (исплата на средства, проверка на состојба на сметка, промена на ПИН итн.) и понатаму ќе бидат достапни на истата локација. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкоматот на ТТК Банка во градот Пробиштип

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека од 23.1.2020 година, банкоматот на банката во градот Пробиштип е поставен на нова локација во рамки на хотелот „Сан Нико“ на ул.„Јордан Стојанов“ бр. 2, Пробиштип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно