Домашни банки
НЛБ Банка предупредува: Непознати лица испраќаат лажни е-мaил пораки

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека во текот на вчерашниот ден се испратени лажни е-маил пораки од страна на непознат испраќач, кој фалсификувајќи го идентитетот на вработена во НЛБ Банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече доверливи податоци од целната група до која е испратен овој e- маил, притоа овие лажни пораки содржат злонамерни малициозни датотеки како прилог и содржат hyperlink кој насочува кон малициозен домеин.
Одредени физички и правни лица (клиенти и соработници на Банката) добиваат пораки со сомнителна содржина, со предмет на порака (Subject): Трансфер на пари SV23-11-2020 и малициозен прилог со наслов: nlbbank_6487583994877366736288_dokumenti2020.ar)
Банката се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе ја добијат електронската порака ДА НЕ ЈА ОТВАРААТ ПРИЛОГ – ДАТОТЕКАТА со цел заштита од злоупотреба на податоците. Доколку ваквите пораки заедно со прилозите биле веќе отворени, потребно е да се обратите за помош до ИТ професионалец.
Сите известувања испратени од НЛБ Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.
Во меѓувреме, Банката ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.
Домашни банки
Атрактивна кредитна понуда од Комерцијална банка на Саемот на мебел

Уредувањето на домот е вистинско уживање кога на едно место добивате богата понуда на мебел и атрактивни кредитни производи. Токму тоа ви го овозможуваат Комерцијална банка и Скопски саем на претстојниот Саем на мебел, кој се враќа со целата своја атрактивност и со саемските попусти. (more…)
Домашни банки
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

На 17 март, со потпишувањето на два договори за купопродажба на акции меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светската банка, се постави основата за промена на составот на главната акционерска база на ProCredit Holding AG & Co. KGaA (ПроКредит Холдинг). (more…)
Домашни банки
Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка