Connect with us

Депозити

НЛБ Банка по повод месецот на штедење најави голема хуманитарна акција и едукативни содржини за најмалите

Објавено

на

Никогаш не е прерано да започнете со конкретни активности за да ги едуцирате вашите деца за важноста и придобивките од штедењето. Доколку не сте знаеле, ве потсетуваме дека октомври е месецот на штедење, а НЛБ Банка, традиционално по осми пат, го организираше НЛБ Денот наменет за најмалите, со што и официјално го отвори НЛБ Месецот на штедење. По тој повод, денес во НЛБ Галеријата беа поканети дечиња од неколку основни училишта и беше организирана забавна и едукативна програма на тема ,,Ја истражуваме вселената со Тиби и Штуки!“.

Во рамките на НЛБ Месецот на штедење, Банката организира ликовен натпревар за деца на возраст од 5 до 15 години на тема: „Штедење и астрономија“. Сите деца кои имаат инспирација и желба да земат учество можат да ги постават своите цртежи на веб страницата отворена за оваа намена: stedenje.nlb.mk или пак да ги донесат директно во некоја од експозитурите на НЛБ Банка. За секој цртеж Банката ќе донира по 200 денари, а средства потоа ќе се наменат за потребите на Одделението за хематологија и онкологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Натпреварот е отворен до 25 октомври 2019 година.

„Секојдневно сме опкружени со искушенијата да трошиме, сите сме дел од конзумеризмот, и токму затоа, сметаме дека едукацијата за потребите, навиките и начините на штедење треба да биде важен дел од образованието кај децата. И оваа година НЛБ Месецот на штедење, го отворивме со НЛБ Денот, преку забавно-едукативен настан специјално организиран за најмалите. Би рекле дека ова е еден од најведрите и најпозитивните настани кој секогаш со нетрпение го очекуваме. Продолжуваме во текот на целиот месец со забавни активности за штедење и ќе посетиме многу училишта и градинки. Ја користиме оваа можност да ги повикаме сите деца да земат учество на ликовниот конкурс и да не поддржат во намерата да собереме што повеќе цртежи за да донираме повеќе парични средства за подобрување на условите на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје“, изјавија од НЛБ Банка.

На крајот на октомври најдобрите цртежи избрани со гласање преку веб страницата stedenje.nlb.mk како и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници ќе бидат наградени со парични награди и признанија.
Месецот на штедење ќе биде заокружен со организирање на најголемата и најубавата изложба на сите пријавени и наградени детски цртежи.

Депозити

Зошто е важно да се штеди и како депозитите може да помогнат во иднина?

Објавено

на

Дали некогаш сте се запрашале зошто треба да штедите? Едноставно, штедењето е секогаш добро, без разлика дали во моментот имате цел за штедење или не. Можете да штедите за разни работи. Не само за она што се вика „црни денови“, туку и за најразлични убави работи. На пример, за купување стан, за образование на децата, за свадби, или едноставно можеби за некој нов домашен апарат, нови чевли, чанта, за годишен одмор или било што друго. Кога ќе заштедите за нешто и ќе го купите со заштедата, тогаш задоволство ќе ви биде уште поголемо и истовремено ќе имате волја и желба повторно да штедите за нешто друго. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Комерцијална банка ќе ги стимулира денарските депозити

Објавено

на

Почнувајќи од 01.05.2022 година Комерцијална банка АД Скопје ќе изврши промена на каматните стапки на депозитите на физички лица, и тоа: (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Пет придобивки од штедењето во банка

Објавено

на

Кога се мисли на инвестирање, најчесто станува збор за акции, недвижен имот, или пак странски валути. Сите овие инвестиции нудат одреден долгорочен поврат на средствата, но и одреден степен на ризик, утврдени минимални износи како почетна инвестиција и одредена расположливост на вложените средства. Па, зошто тогаш не размислите да ги инвестирате во производ што има минимален ризик, безбеден е и преку него имате брз и лесен пристап до вашите средства? (more…)

Продолжи со читање


Популарно