Домашни банки
НЛБ Банка по петтипат ја доби наградата за најдобра Банка на Europe Banking Awards


НЛБ Банка АД Скопје на годинешните Europe Banking Awards за 2020 година ја доби петтата награда по ред за Најдобра банка во земјата од финансискиот магазин ЕМЕА.
Europe Banking Awards веќе тринаесет години ги препознава и наградува достигнувањата на банките во регионот, а организатор на овие награди е ЕМЕА – реномираниот финансиски магазин чија уредничка визија е да биде „независен глас“ на финансиската заедница.
Критериумите и параметрите врз основа на кои беа доделени овие престижни награди се однесуваат на способноста на банките и финансиските институции да овозможат иновативни производи и услуги, да покажат одлични резултати во инвестициското банкарство, како и способност и капацитет да функционираат како социјално одговорни компании во општеството од кое се дел.
НЛБ Банка успешно се справи со сите предизвици кои беа наметнати минатата година од глобалната пандемија и притоа оствари извонредни финансиски резултати.
Во текот на изминатата година НЛБ Банка ја унапреди својата понуда преку воведување на нови иновативни продукти, како што се брзите плаќања и кредитите преку мобилен телефон и значително го зголеми користењето на дигиталните канали. Исто така ја покажа својата општествена одговорност преку низа донации и спонзорства наменети за подигнување на општото добро, со истовремена безрезервна фокусираност кон своите клиенти со цел поддршка за нивно полесно справување со последиците од кризата. Како резултат на тоа, следеа одлични финансиски резултати, проследени со високо ниво на корисничко задоволство и перцепција на брендот.
НЛБ Банка АД Скопје е дел од НЛБ Групацијата и се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Северна Македонија, што се должи на континуираните продажни активности со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во дигиталните канали. Банката постојано добива признанија за своите резултати и постигнувања и е континуирано препознаена како најнаградувана банка.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје