Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка повторно со поддршка на микро и малите претпријатија преку проектот НЛБ Рамка за помош

Објавено

на

НЛБ Банка оваа година, по вторпат го спроведува проектот НЛБ Рамка за помош, согласно позитивното искуство од минатата година, а со цел поддршка на микро и малите бизниси од индустриите кои се најзасегнати од Ковид кризатa.

Станува збор за иницијатива која веќе имаше своја успешна реализација во текот на минатата година, а која е всушност одговор на актуелните случувања и неизвесните економски услови предизвикани од пандемијата. Со проектот НЛБ Рамка за помош, НЛБ Банка им овозможува на микро и малите претпријатија поддршка преку бесплатно рекламирање и промовирање на нивните продукти и услуги низ различни медиуми. Исто така за избраните фирми Банката ќе овозможи и одредени поволности и придобивки од областа на електронската трговија.

Со НЛБ Рамка за помош, Банката всушност им овозможува на микро и малите претпријатија полесно да ги надминат последиците од кризата, односно индиректно да ја зголемат својата продажба и да го вратат нормалниот тек на работење. Ова е уникатен проект кој се одвива во рамките на сите банки членки на НЛБ Групацијата, при што и оваа година помошта е координирана и заедничка со останатите членки на едно пошироко и регионално ниво. Во 2020 година, во рамките на НЛБ Групацијата земаа учество повеќе од 270  компании, а целта е овие бројки двојно да се зголемат годинава.

„Изминатата годинанашата земја како и целиот свет се соочи со исклучително тешки предизвици, пришто работевме во услови на голема неизвесност. Иако пандемијата сè уште нè става на тест и очигледно е дека заздравувањето ќе оди етапно и споро, неопходно е секој од нас да го преземе својот дел од одговорноста во остварувањето на оваа важна задача.

Борбата за заживување на економијата е борба за квалитетот на животот на сите граѓани, а ние во финансискиот сектор можеме и мораме да играме важна улога во таа борба.

Горд сум што уште минатата година поддржавме 100 избрани микро и мали бизниси и креиравме 350 уникатни реклами, помагајќи им да го водат бизнисот за време на Корона кризата кога беше најтешко. Поучени од ова позитивно искуство, како и поради големата заинтересираност и барања од микро и малите претпријатија и оваа година ја спроведуваме НЛБ Рамката за помош, со цел да им помогнеме на фирмите да го пребродат овој тежок период“, вели Антонио Аргир, претседател на Управниот одбoр на НЛБ Банка АД Скопје.

Сите микро и мали претпријатија кои имаат потреба од ваков тип на поддршка можат да се пријават на веб страницата на Банката (www.nlb.mkво периодот од 20 април до 10 мај. Сите апликации ќе бидат разгледувани од страна на комисија, при што ќе се се направи евалуација и селекција и ќе се изберат оние претпријатија кои ги исполнуваат условите и критериумите согласно поставените Правила на самата апликација. Избраните компании ќе имаат можност да се рекламираат во периодот од 21.06.2021 година до 30.09.2021 година.

Повеќе информации во врска со проектот може да се добијат на веб страницата на Банката, преку социјалните мрежи, на телефон 02/15 – 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Објавено

на

На денешен ден, ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ што го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија на доброволна основа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите”

Објавено

на

На денешен ден, Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на концертот на Камерниот оркестар „Скопски солисти“

Објавено

на

Во правец на својата посветеност за поддршка на вистинските вредности, Комерцијална банка преку уште едно спонзорство застана на страната на вистинската уметност.

(more…)

Продолжи со читање


Популарно