Connect with us

Странски банки

НЛБ банка отворa ИТ центар во Белград: Ќе вработува 40 лица!

Објавено

на

Љубљанска НЛБ банка планира да отвори ИТ центар во Белград по аквизицијата на Комерцијална банка АД Белград.

Причината за отворање на овој центар е што има проблем да ги пополни работните места за истражување и развој во Словенија.

Од НЛБ Банка изјавија дека побарувачката за податоци, анализи, ИТ аналитичари и развивачи (дивелопери) се зголемила бидејќи банката постепено се дигитализира, но додава дека „нема доволно квалификуван персонал во Словенија“, објави агенцијата „STA”.

„Ние се натпреваруваме да дојдеме до потребната квалификувана работна сила со останатите словенечки компании, како и со меѓународните светски корпорации, за кои ИТ експертите работат од Словенија и се одлично платени”, изјави Весна Водопивец, директорка на Секторот за човечки ресурси на НЛБ Банка.

Таа рече дека образовниот систем не создава доволно стручен ИТ кадар за да се пополнат потребните работни места, додека високото оданочување на трудот го отежнува вработувањето на стручен кадар од други држави кадешто работната сила е далеку поевтина.

„Без сериозен напредок во овие области, нема да можеме брзо да ги пополниме празнините, поради што ќе бидеме принудени да пренесеме барем дел од нашите развојни можности во Србија“, додаде таа.

ИТ центарот во Белград ќе има околу 40 ИТ експерти и експерти за податоци кои ќе работат на задачи за банката, заедно со развивачи (дивелопери) кои веќе работат од Словенија.

Белград се разви во технолошки центар откако Србија го започна Дигиталниот проект пред десет години и го адаптираше образовниот систем на проектот.

„Не случајно НЛБ групацијата го избра Белград“, велат од банката.

Странски банки

„Fitch” го намали кредитниот рејтинг на „Credit Suisse”

Објавено

на

„Credit Suisse” доби намалување на кредитниот рејтинг од реномираната компанија за кредитен рејтинг „Fitch”. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза

Објавено

на

Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политикитепо повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Објавено

на

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)

Продолжи со читање


Популарно