Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка оствари нето добивка од 8,1 милиони евра во првиот квартал од 2021 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, и покрај продолжените негативни ефекти од пандемијата КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди и да обезбеди финансиска поддршка на клиентите.

И во првиот квартал од 2021 година, Банката успеа да оствари позитивни резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со продукти и платни сервиси. Во овој период, Банката продолжи со имплементација на стратешките иницијативи во инвестиции во дигитализација и нови технологии, со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како поедноставни, поевтини и побезбедни начини на извршување на банкарските трансакции.

Инвестициите во дигитализацијата, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати во изминатата година, во првиот квартал од 2021-та беа наградени од:

  • Финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2020 каде НЛБ Банка АД Скопје e избрана за Најдобра банка во C. Македонија.

Биланс на состојба

Заклучно со 31.03.2021 година билансната сума изнесува 98.806.940 илјади денари, односно се зголеми за 2.261.727 илјади денари или 2,3% во однос на 31.12.2020 година.

Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 19.061.993 илјади денари и бележат зголемување од 8,4% во однос на 31.12.2020 година заради зголеменa состојба на тековни сметки и краткорочни депозити во банки.

Кредитите и побарувањата од банки бележат зголемување од 468.689 илјади денари во однос на 31.12.2020 година.

Вкупните Кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 58.050.415 илјади денари и бележат зголемување од 0,1% во однос на 31.12.2020. И покрај продолжената ситуација со КОВИД-19 во земјата, кредитирањето кај домаќинствата се зголеми и тоа во сегментот кредити за домување и потрошувачки кредити.

Вложувања во хартии од вредност изнесуваат 16.713.439 илјади денари и се зголемени за 2,1% во однос на 31.12.2020 како резултат на зголеменото вложување во еврообврзници и благајнички записи. Вложувањата во хартии од вредност со рок на доспевање над три месеци Банката ги користи за управување со вишокот на ликвидност и поддршка на профитабилноста.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на 31.12.2020 година се намалени за 1,1%. Намалувањето се должи на редовни годишни исправки на вредноста на нефинансиските средства согласно регулативата на НБРСМ.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) изнесуваат 81.451.106 илјади денари и во однос на 31.12.2020 година се зголемени за 1.671.267 илјади денари или за 2,1%. Зголемувањето на депозитите се должи на нови клиенти од сегментот домаќинства кои се приматели на пензии, плата и други видови примања, нови клиенти кои ги користат физичките и електронските платни сервиси на Банката и нови клиенти од сегментот нефинансиски правни лица, како и на зголемувањето на приливот на средства на сметките на постојните клиенти во домашна и странска валута.

Обврски по кредити се зголемени за 19.413 илјади денари или за 4,6%.

Субординираните обврски се зголемени за 1,2% во однос на 31.12.2020 година.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени 3,2% и изнесуваат 13.847.611 илјади денари.

Биланс на успех

Нето каматните приходи, заклучно со 31.03.2021 година се пониски за 1,9% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4,9%, главно поради пониски каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и население и како и пониски приходи од вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 23,6% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување на расходи за субординирани обврски.

Нето приходите од провизии се повисоки за 5,7% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 11,2% како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и повисоки приходи од трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 20,7%, главно поради повисоки расходи за картично работење.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 199.647 илјади денари и се повисоки за 32,0% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население, остварена капитална добивка од продажба на превземени средства како и зголемени приходи од курсни разлики.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 1.197.497 илјади денари и се повисоки за 4,3% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 507.719 илјади денари и се зголемени за 5,6% при што трошоците за вработени се повисоки за 2,1%, трошоците за амортизација се повисоки за 7,7%, останатите расходи од дејност се повисоки за 8,8% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 31.03.2021, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 133.331 илјади денари или 28,4% помалку во однос на истиот период претходната година соодветно на структурата и квалитетот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 1.659 илјади денари.

Бруто добивката на Банката заклучно со 31.03.2021 година изнесува 554.788 илјади денари и е зголемена за 19,3% во однос на истиот период претходна година.

Нето добивката на Банката заклучно со 31.03.2021 година изнесува 499.309 илјади денари и е зголемена за 19,3% во однос на истиот период претходна година.

Домашни банки

Какви се очекувањата на менаџментот на НЛБ банка за претстојниот периодот?

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, прилагодувајќи го работењето на изменетите пазарни услови поради пролонгираната пандемија од КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија, иако во вториот квартал од годината беа направени делумни олабавувања на рестриктивните мерките. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди и да обезбеди финансиска поддршка на клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со извонредни бројки, остварувајќи добивка од неверојатни 18,4 милиони евра за шест месеци од 2021 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, прилагодувајќи го работењето на изменетите пазарни услови поради пролонгираната пандемија од КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија, иако во вториот квартал од годината беа направени делумни олабавувања на рестриктивните мерките. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди и да обезбеди финансиска поддршка на клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во првото полугодие од 2021 година

Објавено

на

Во вториот квартал од 2021 година, македонската економија сè уште се одвива во услови на пандемија. Најавите за силен трет бран на пандемијата во државата се материјализираа на почетокот од вториот квартал од 2021 година и доведоа до значително отежнати околности за нормално функционирање на населението и на деловните субјекти. Во ситуација на зголемени ограничувања и рестрикции во движењето и во извршувањето на економската дејност, а при бавен и неизвесен процес на вакцинација на населението, се намалија очекувањата за брз излез од кризата и воспоставување нормални текови во функционирањето на економијата. Иако одобрените вакцини ја подигнуваат надежта за пресврт на пандемијата во текот на 2021 година, повторните бранови и новите видови на вирусот предизвикуваат загриженост за резултатот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно