Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка оствари нето добивка од 6,8 милиони евра во првиот квартал од 2020 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2020 до 31.03.2020 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2020-та година, притоа од Март 2020 прилагодувајќи го тековното работење на ново настанатата ситуација со пандемијата КОВИД-19, се со цел да се зачува високата ликвидност и солвентност, паралелно со непрекинато давање на услуги и финансиска поддршка на клиентите.

Во анализираниот период, Банката оствари нето добивка во износ од 418.532 илјади МКД, што претставува зголемување за 1,9% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година.

Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати во изминатата година, во првиот квартал од 2020-та беа
наградени од:

– Финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2019 каде НЛБ Банка АД Скопје, четврта година по ред, e избрана за Најдобра банка во C. Македонија.

Биланс на состојба

Заклучно со 31.03.2020 година билансната сума изнесува 89.275.490 илјади МКД, односно се зголеми за 1.098.543 илјади МКД или 1,2% во однос на 31.12.2019 година.

Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 18.790.412 илјади МКД и бележат раст од 2,4% во однос на 31.12.2019 заради зголеменa состојба на тековни сметки и краткорочни депозити во банки.

Кредитите и побарувањата од банки бележат зголемување од 42.401 илјади МКД во однос на 31.12.2019 или 10,0%.

Вкупните Кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 55.419.242 илјади МКД и бележат зголемување од 1,3% во однос на 31.12.2019.

Вложувања во хартии од вредност изнесуваат 10.847.940 илјади МКД и се намалени за 0,6% во однос на претходната година како резултат на достасување на домашни хартии од вредност.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на претходната година се намалени за 8,4%.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) изнесуваат 73.761.672 илјади МКД и во однос на 31.12.2019 година се зголемени за 883.446 илјади МКД или за 1,2%.

Обврски по кредити се намалени за 57.728 илјади МКД или за 9,0%. Субординираните обврски се зголемени за 1,7% во однос на 31.12.2019 година.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени и изнесуваат 11.979.800 илјади МКД.

Биланс на успех

Нето каматните приходи, заклучно со 31.03.2020 година се пониски за 1,7% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 3,8%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 15,5% главно поради пониски расходи за камата кај население што се должи на пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

Нето приходите од провизии се повисоки за 0,4% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 8,8% како резултат на остварен пораст на приходите во доменот на картично работење, платен промет во земјата и странство, инвестициско и брокерско работење.

Расходите за провизии се повисоки за 26,8%, главно поради повисоки расходи поврзани со картично работење, девизен и денарски платен промет и кеш центар.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 151.263 илјади МКД и се повисоки за 161,5% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 1.148.105 илјади МКД и се повисоки за 7,7% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 480.653 илјади МКД и се повисоки за 1,3% при што трошоците за вработени се повисоки за 4,2%, трошоците за амортизација се пониски за 2,3%, останатите расходи од дејност се пониски за 0,7% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 31.3.2020, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 186.195 илјади МКД соодветно на структурата и порастот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 16.222 илјади МКД.

Нето добивката на Банката заклучно со 31.03.2020 година изнесува 418.532 илјади МКД и е повисока за 1,9% во однос на истиот период претходна година.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно