Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година.

Во анализираниот период, Банката оствари нето добивка во износ од 653.631 илјади денари, што претставува зголемување за 30,9% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година. Зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија и зголемен број на корисници на платните сервиси на Банката. Во извештајниот период Банката склучи нов договор со ЕБОР за кредитна линија од програмата за финансирање “Зелена енергија” која е наменета за инвестиции на домаќинствата во енергетската ефикасност.

Во првиот квартал од 2022-година, првиот банкарски електронски асистент НЕЛА на НЛБ Банка беше наградена со второ место во категоријата „Најдобра автоматизирана алатка чет бот“ од – Порталот „Сајт на годината 2021“ Скопје.

Биланс на состојба

Заклучно со 31.03.2022 година билансната сума изнесува 106.519.447 илјади МКД, односно се намали за 1.190.032 илјади МКД или 1,1% во однос на 31.12.2021 година.

Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 18.219.488 илјади МКД и бележат намалување од 7,5% во однос на 31.12.2021.

Кредитите и побарувањата од банки бележат зголемување од 26 илјади МКД во однос на 31.12.2021.

Вкупните Кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 66.902.068 илјади МКД и бележат зголемување од 2,0% во однос на 31.12.2021. Кредитирањето и во двата сегмента, домаќинства и нефинансиски правни лица, продолжи да се зголемува и во текот на 2022 година.

Вложувања во хартии од вредност изнесуваат 16.939.231 илјади МКД и се намалени за 7,6% во однос на 31.12.2021 поради доспевање на странските државни записи и обврзници.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на 31.12.2021 година се намалени за 0,03%.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) изнесуваат 85.468.114 илјади МКД и во однос на 31.12.2021 година се намалени за 1.121.054 илјади МКД или за 1,3%. Намалувањето на депозитите се должи на намалувањето на денарските средства на трансакциските сметки и орочените депозити на домаќинствата и на правните лица.

Обврски по кредити се зголемени за 825.081 илјади МКД заради повисокиот износ на краткорочни кредити и репо трансакции.

Субординираните обврски се зголемени за 1,4% во однос на 31.12.2021 врз основа на недоспеана камата.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени 3,5% и изнесуваат 14.567.126 илјади МКД. Зголемувањето се должи на остварената тековна добивка за првиот квартал од 2022 година.

Биланс на успех

Нето каматните приходи, заклучно со 31.03.2022 година се повисоки за 4,4% споредено со претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 2,7%, главно поради повисоки каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица, население и останати финансиски институции, додека расходите за камати се пониски за 11,5% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

Нето приходите од провизии се повисоки за 6,7% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 14,4% како резултат на зголемени приходи од реализирани трансакии на ПОС терминали и картично порамнување, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и странство и повисоки приходи од водење трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 25,9%, главно поради повисоки расходи од картично работење кон меѓународните картични системи и повисоки расходи од услуги во платен промет во земјата и странство.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 195.554 илјади МКД и се намалени во однос на претходната година, главно поради пониски наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 1.243.609 илјади МКД и се повисоки за 3,9% во однос на претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 535.959 илјади МКД и се зголемени за 5,6% при што трошоците за вработени се повисоки за 2,9%, трошоците за амортизација се повисоки за 20,5%, останатите расходи од дејност се повисоки за 4,7% во однос на претходната година.

Заклучно со 31.03.2022, беа ослободени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 18.644 илјади МКД соодветно на подобрената структура, наплата и квалитет на кредитната изложеност.

Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 37 илјади МКД.

Бруто добивката на Банката заклучно со 31.03.2022 година изнесува 726.257 илјади МКД и е зголемена за 30,9% во однос на претходната година.

Нето добивката на Банката заклучно со 31.03.2022 година изнесува 653.631 илјади МКД и е зголемена за 30,9% во однос на претходна година

Домашни банки

Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип

Објавено

на

Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка со нов Унит Линк производ

Објавено

на

Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“

Објавено

на

Најмасовниот и најзабавниот настан „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје повторно се враќа на скопските улиците. На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина. (more…)

Продолжи со читање


Популарно