Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка оствари добивка од 30 милиони евра во 2019 година!

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2019-та година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и на пазарните услови во земјата. Банката, во анализираниот период ги оствари планираните оперативни и финансиски цели, при што е зачувана висока ликвидност, стабилност и солвентност.

Во анализираниот период, Банката оствари нето добивка во износ од 1.849.918 илјади МКД, што е за 15,3% над планот, што се должи на континуирани продажни активности на кредитните и картичните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија и на значајните инвестиции во електронските сервиси кои се подостапни и побогати со дополнителни услуги и функционалности за клиентите како и на пониската исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност.

Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати беа наградени од:

– Финансискиот магазин “The Banker” за Банка на годината во Северна Македонија за 2019 година по јубилеен, десетти пат
– Македонска берза – Награда „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентна компанија – 3то место
– Македонска берза – Награда за членки со најголем остварен промет – 3-то место
– Финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2018 каде НЛБ Банка АД Скопје, трета година по ред, e избрана за Најдобра банка во Македонија
– Euromoney во Лондон, каде НЛБ Банка АД Скопје беше прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2019 година
– Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“.

Нето каматните приходи, заклучно со 31.12.2019 година се повисоки за 0,1% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 1,0%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и банки, додека расходите по камати се пониски за 6,5% главно поради пониски расходи за камата кај нефинансиски правни лица,
население и останати финансиски институции што се должи на пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување. Во однос на планот нето каматните приходи се пониски за 4,7%.

Нето приходите од провизии се повисоки за 5,3% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 9,4% како резултат на остварен пораст на приходите во доменот на картично работење, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кеш центар и провизии од продажба на полиси за животно и неживотно осигурување.

Расходите за провизии се повисоки за 17,7%, главно поради повисоки расходи поврзани со картично работење, девизен и денарски платен промет и кеш центар. Во однос на планот нето приходите од провизии се пониски за 1,8%.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 353.989 илјади МКД и се пониски за 57,5% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварена добивка од продажбата на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје во март 2018 година. Во однос на планот се повисоки за 57,7%.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 4.419.551 илјади МКД и се пониски за 8,7% во однос на истиот период претходната година. Во однос на планот се пониски за 0,8%.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.940.488 илјади МКД и се повисоки за 6,0% при што трошоците за вработени се повисоки за 5,5%, трошоците за амортизација се пониски за 16,9% (зголемен корисен век на дел од опремата), останатите расходи од дејност се повисоки за 12,2% во однос на истиот период претходната година. Во однос на планот вкупните оперативни трошоци се повисоки за 2,6%.

Заклучно со 31.12.2019, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 427.431 илјади МКД соодветно на структурата и порастот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 4.473 илјади МКД.

Нето добивката на Банката заклучно 31.12.2019 година изнесува 1.849.918 илјади МКД и е пониска за 12,8% во однос на истиот период претходна година поради остварена добивка од продажбата на НЛБ Нов Пензиски фонд АД Скопје во март 2018.
Во однос на планот нето добивката за периодот е повисока за 15,3%.

Домашни банки

НЛБ Банка продолжува да креира одлични маркетинг видеа (2)

Објавено

на

НЛБ Банка за сите свои клиенти воведе нови начини на брзи плаќања во рамките на НЛБ мКлик – мобилното банкарство. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кои се вашите изговори кога треба да платите на пријател?

Објавено

на

НЛБ Банка за сите свои клиенти воведе нови начини на брзи плаќања во рамките на НЛБ мКлик – мобилното банкарство. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Со поддршка на НЛБ Банка се одржа Аутдор фестивалот „When in Krusevo“

Објавено

на

Од 14 до 16 февруари Крушево беше домаќин на второто зимско издание на аутдор фестивалот „When in Krusevo“, а НЛБ Банка беше горд спонзор на оваа неверојатна адреналинска авантура. (more…)

Продолжи со читање

Популарно