Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка оствари добивка од 23,7 милиони евра за 9 месеци во 2019 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 30.09.2019 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2019-та година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и на пазарните услови во земјата. Банката, во анализираниот период  ги оствари планираните оперативни и финансиски цели, при што е зачувана висока ликвидност, стабилност и солвентност.

Во анализираниот период, Банката оствари нето добивка во износ од 1.455.738 илјади МКД, што е за 21,0% над планот, што се должи на континуирани продажни активности на кредитните и картичните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија и на значајните инвестиции во електронските сервиси кои се подостапни и побогати со дополнителни услуги и функционалности за клиентите.

Како иновативна и современа банка, која е во чекор со светските трендови, НЛБ Банка АД Скопје ја прошири својата понуда со уште еден канал за комуникација и сега е достапна на Вибер. Истовремено, Банката го промовираше и првиот банкарски електронски асистент – НЕЛА која е на располагање 24/7 и е подготвена да одговори на сите прашања поврзани со производите и услугите. Како иновативни предводници на новите трендови и технологии, овој пионерски чекор на НЛБ Банка АД Скопје, има за цел да ја промени сликата на секојдневната комуникација на релација банка – клиент.

Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати беа наградени од:

  • Македонска берза – Награда „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентна компанија – 3-то место
  • Македонска берза – Награда за членки со најголем остварен промет – 3-то место
  • Финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2018 каде НЛБ Банка АД Скопје, трета година по ред, e избрана за Најдобра банка во Македонија
  • Euromoney во Лондон, каде НЛБ Банка АД Скопје беше прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2018 година
  • Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“.

Биланс на состојба

Заклучно со 30.09.2019 година билансната сума изнесува 84.010.501 илјади МКД, односно се зголеми за 2.184.538 илјади МКД или 2,7% во однос на 31.12.2018 година.

Во однос на планот за периодот билансната сума е повисока за 2,4%.

Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 18.771.411 илјади МКД и  бележат раст од 2,9% во однос на 31.12.2018.

Во однос на планот се повисоки за 16,9%.

Кредитите и побарувањата од банки бележат намалување од 220.460 илјади МКД во однос на 31.12.2018. Во однос на планот се повисоки.

Вкупните Кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 51.134.107 илјади МКД и бележат намалување од 0,6% во однос на 31.12.2018. Во однос на планот вкупните кредити се пониски за 7,4%, и тоа поради понискaтa реaлизација во делот на кредити на правни и физички лица.

Вложувања во хартии од вредност се зголемени за 40,3% и изнесуваат 11.172.997 илјади МКД, како резултат на вложување во еврообврзници издадени од Република Северна Македонија. Во однос на планот се повисоки за 64,5%.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се намалени за 19,3% главно поради сметководствено оштетување на средствата преземени по 01.01.2010 година, чија нето вредност согласно регулаторните одредби треба да се сведе на нула во пропишаниот рок односно во период од пет години. Во однос на планот за периодот се пониски за 86,2%.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) се зголемени за 2.451.982 илјади МКД или за 3,7% и изнесуваат 69.300.374 илјади МКД. Во однос на планот за периодот се повисоки за 4,0%.

Обврски по кредити се намалени за 252.665 илјади МКД или за 25,8%. Во однос на планот за периодот се пониски за 37,4%.

Субординираните обврски се зголемени за 25.469 илјади МКД или за 1,4%.

Во однос на планот за периодот се повисоки за 0,7%.

На 13.06.2019 година, НЛБ Банка АД Скопје склучи Договор за субординиран заем со Нова Љубљанска Банка д.д. Љубљана на износ од 615.000 илјади МКД, со период на доспевање од 10 години чија намена е истиот да биде замена на постоечкиот Субординиран заем кој Банката го има аранжирано со International Finance Corporation (ИФЦ) на истиот износ. Со аранжирање на Субординираниот заем од Нова Љубљанска Банка д.д. Љубљана,  се изврши намалување на трошоците на дополнителниот капитал на Банката како и пролонгација на рочноста на субординираниот инструмент до 2029 година.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се намалени и изнесуваат 11.091.768 илјади МКД. Во однос на планот за периодот се пониски за 1,5%.

Очекувања за претстојниот период

НЛБ Банка АД Скопје согласно својата стратегија во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти и континуирано и посветено работи на изнаоѓање најоптимални решенија за секој поединечен клиент. Банката во следниот период ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови, и како современа и креативна банка ќе биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси.

Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува мрежата на експозитури која моментално претставува најдоминантен канал за достапност и продажба на продуктите и услугите на Банката. Со тоа на своите клиенти, Банката им дава избор да се одлучат за новите и современи или за традиционалните начини на контакт и работење со Банката, во зависност од нивните навики, потреби и преференции.

Во периодот кој следува, се очекува Банката да продолжи со интензивни кредитни активности, како во сегментот на претпријатија така и кај физичките лица, засилена продажба на полисите за животно, неживотно и пензиско осигурување, како и поинтензивно користење на услугите на платните сервиси адекватно на сезонските движења во економијата, што ќе придонесе за континуирано позитивно работење и остварување на планираните цели утврдени за наредниот период.

Во фокусот на Банката ќе биде и одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република Северна Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, интензивно ќе се работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно