Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка од утре (26-ти јануари) започнува со предвремена исплата на јануарските пензии

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 26 јануари (среда).

Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 26-ти јануари пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 јануари до 31 јануари и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

  • 26 јануари (среда) 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 27 јануари (четврток) 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 28 јануари (петок) 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 31 јануари (понеделник) 2022 година, пензии со висина над 18.001 денари. 

Со цел заштита на здравјетo, од банката апелираат до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од НЛБ Банка препорачуваат исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 26.1. – среда и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

Од банката замолуваат за почитување на превентивните мерки, носење заштитна маска, чекање ред на обележаните места и држење растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно