Домашни банки
НЛБ Банка од утре започнува со предвремена исплата на ноемвриските пензии


НЛБ Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати ноемвриските пензии на 26- ти ноември (четврток).
Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 26- ти ноември пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 – ти ноември до 1- ви декември и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
- На 26.11.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари
- На 27.11.2020 (петок) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари
- На 30.11.2020 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари
- На 01.12.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари.
Со цел заштита на здравјетo, од банката апелираат до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од НЛБ Банка препорачуваат исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 26.11 – четврток и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.
Од банката замолуваат за почитување на превентивните мерки, носење заштитна маска, чекање ред на обележаните места и држење растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.
Домашни банки
Јованка Јолеска Поповска реизбрана за Генерален директор на ПроКредит Банка АД Скопје
Домашни банки
Развојна банка: Инструкции за плаќање на обврски по основ на бескаматен кредит “Ковид 1”


Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение ги извести корисниците на бескаматен кредит од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), “Ковид 1” дека инструкциите за плаќање се достапни на веб страницата на банката. (more…)
Домашни банки
УНИБанка ќе изврши исплата на полугодишна камата од 9% на имателите на Перпетуални обврзници


Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на 22.01.2021 година ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO, објави банката преку соопштение до Македонската берза. (more…)
- Домашни банкипред 2 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 1 month
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Анализипред 2 months
Кои се најплатените професии во земјава?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје