Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка од понеделник започнува со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати на 5- ти јули (понеделник).

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 5.7.2021 година, клиентите ќе можат ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

  • 05.7.2021– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • 06.7.2021– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш​

Со цел заштита на здравјетo, од банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од НЛБ Банка препорачуваат подигнувањето на средства да се врши на банкомат.

При посета на експозитура, од НЛБ Банка замолуваат почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Домашни банки

Шпаркасе предупредува: Забележани се „phishing“ напади, бидете внимателни!

Објавено

на

Шпаркасе банка информираше дека се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое го фалсификува идентитетот на Охридска Банка АД Скопје, и кое го користи логото на банката, обидувајќи се да извлече податоци преку праќање на мејлови. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање



Популарно