Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка од денес започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка од 4.8.2020 година (вторник) започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита.

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од денес, 4 – ти август , клиентите можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед.

Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

–  4 август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

–  5 август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

–  6 август  (четврток) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Со цел заштита на здравјетo, од НЛБ Банка препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, се препорачува подигнувањето на средства да се врши на банкомат.

При посета на експозитура, од Банката замолуваат за почитување на превентивните мерки, носење заштитна маска, чекање ред на обележаните места и држење растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши промена на провизиите за платен промет со странство

Објавено

на

Почнувајќи од 01.10.2020 година, Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши промена на начинот на пресметка и наплата на трошоците за платен промет со странство во следните сегменти: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

За НЛБ Банка клиентите се секогаш на прво место и се главен двигател на активностите на банката

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје уште еднаш докажува дека за неа се најважни клиентите и дека секогаш ги следи и исполнува нивните барања! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Генералниот директор на Стопанска банка а.д. Битола, Владимир Евтимоски го зголеми својот удел во банката

Објавено

на

Преку соопштение објавено на Македонска берза, Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста дека претседателот на Управниот одбор на банката, г-дин Владимир Ефтимоски се стекна со 77 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Популарно