Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка од денес започна со готовинска исплата на паричната помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ја исплати на 2- ри октомври (петок).

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 2.10.2020 година, клиентите веќе можат да ги подигнуваат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

–  5 октомври (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

–  6 октомври (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

–  7 октомври (среда) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Со цел заштита на здравјетo, од банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од НЛБ Банка препорачуваат подигнувањето на средства да се врши на банкомат.

При посета на експозитура, од НЛБ Банка замолуваат да се почитуваат превентивните мерки, да се носи заштитна маска, да се чека ред на обележаните места и да се држи растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно