Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка од вторник (29-ти јуни) започнува со предвремена исплата на јунските пензии

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 29 – ти јуни (вторник).

Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 29 – ти јуни пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 29 – ти јуни до 02 – ри јули и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа :

  • 29 – ти јуни (вторник) 2021 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 30 – ти јуни (среда) 2021 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 01 – ви јули (четврток)  2021 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 02 – ви јули (петок)  2021 година, пензии со висина над 18.001 денари. 

Со цел заштита на здравјетo, од банката апелираат до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од НЛБ Банка препорачуваат исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 29.6 – вторник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

Од банката замолуваат за почитување на превентивните мерки, носење заштитна маска, чекање ред на обележаните места и држење растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно