Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка овозможува тргување со акции без провизија на денешниот „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берза

Објавено

на

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата денес одржува т.н. „Инвеститорски ден“.

НЛБ Банка АД Скопје се приклучи кон оваа иницијатива на Македонската Берза и денес Банката им овозможува на своите клиенти – индивидуални инвеститори, да тргуваат со акции на Македонската Берза без трансакциски трошоци.

Поконкретно, на денешниот „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива.

Иницијативата „Инвеститорски ден“ има за цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.

Овој настан се очекува да стане традиција на македонскиот пазар на хартии од вредност и да продолжи да се организира редовно и во иднина.

Затоа, НЛБ Банка Ве повикува да ја искористите оваа можност и да зачекорите во светот на инвестирањето во хартии од вредност!

Домашни банки

Силк Роуд Банка со активно учество во кампањата “Помислете и на нас”

Објавено

на

Вработените во Силк Роуд Банка АД Скопје по повод светскиот ден на гладта во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија земаа активно учество во кампањата „Помислете и на нас“ која се спроведува во рамки на неделата за борба против гладта, при што беа донирани прехранбени производи и финансиски средства за најранливите категории на граѓани. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Донација на храна од Комерцијална банка по повод Светскиот ден на гладта

Објавено

на

Со донација на 42 пакети храна Комерцијална банка повторно го даде својот придонес за ублажување на потешкотиите со кои се соочуваат социјално ранливите групи граѓани во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Пуштен во употреба TOPSI Pumptrack – донација од Стопанска банка АД – Скопје за Град Скопје

Објавено

на

Веќе пет години по ред Стопанска банка АД – Скопје во партнерство со Град Скопје инвестира во развојот на вело-културата преку кампањите #ВозиПравоВозиЗдраво, но и преку донациите на внимателно, избрана урбана опрема за градот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно