Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка објави детални информации за одложената отплата на месечните кредитни обврски на клиентите – физички лица

Објавено

на

Поради продолжувањето на несаканите ефекти од пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица за полесно надминување на негативните последици, НЛБ Банка повторно овозможи одложување на плаќањето на кредитните обврски за сите кредитни продукти.

Во врска со оваа можност, Банката ги известува своите клиенти – физички лица, дека на својата веб страница објави детални информации за одложената отплата на месечните кредитни обврски. Ова се однесува на клиентите корисници на кредитни продукти (кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување на трансакциски сметки) кои имаат влошување на својата финансиска состојба како последица од Covid-19 кризата, а со тоа и реална потреба од одложување на кредитните обврски. Притоа, за да го искористат правото на одложено плаќање треба да исполнуваат некој од дефинираните критериуми:

  • Да имаат престанок на работен однос на кредитокорисникот и/или со него поврзано лице/а и/или ко-кредитобарателот
  • Да имаат намалување на платата од најмалку 10% на кредитокорисникот и/или со него поврзано лице/а /или ко-кредитобарателот
  • Да имаат високи медицински трошоци поради болест предизвикана од Covid-19

До сите клиенти – физички лица, кои согласно евиденцијата на Банката исполнуваат некој од наведените критериуми, доставени се индивидуални понуди. Клиентите кои ќе добијат индивидуална понуда, имаат рок од 10 дена, најдоцна до 14.09.2020, да ја прифатат доставената понудата преку веб страницата на Банката.

Истовремено, НЛБ Банка ги охрабрува и повикува сите клиенти – физички лица корисници на кредитни изложености, кои нема да добијат индивидуална понуда, а сметаат дека исполнуваат некој од наведените критериуми, да поднесат барање за одложено плаќање. Барањето може да  го поднесат преку веб страницата, при што преку истата форма потребно е да прикачат соодветен документ како доказ за исполнување на некој од критериумите.

Со можноста за одложено плаќање на кредитните обврски, НЛБ Банка уште еднаш покажува грижа за своите клиенти во насока на олеснето справување со актуелната криза, додека преку целосно дигитализираниот процес, без дополнителна потреба за посета на експозитура, придонесува кон заштита на јавното здравје, но и заштеда на време, како и подобро корисничко искуство.

Повеќе информации за можноста за одложување на кредитните обврски за физички лица можат да се добијат на веб страницата https://bit.ly/3hZPs0u или телефон 02/15600.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Објавено

на

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Популарно