Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка „Најдобра банка во Македонија за 2018 година“

Објавено

на

На 29-ти ноември во Лондон, НЛБ Банка е прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2018 година од страна на угледниот финансиски магазин „The Banker“.

На свечената церемонија којашто се одржа на 29-ти ноември во Лондон, каде присуствуваа најдобрите банки од над 140 земји во светот, угледниот финансиски магазин „The Banker“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2018 година.

За најдобра банка во Македонија за 2018 година е прогласена НЛБ Банка. Ова е деветти пат како НЛБ Банка ја добива оваа престижна награда и го потврдува приматот на најнаградувана банка во Република Македонија.

Изборот за најдобра банка се прави врз основа на повеќе критериуми: постигнатите финансиски резултати, способноста да генерира профит, да развива нови производи, услуги и технологии, да ги опслужува своите клиенти и да се здобие со стратешка предност.

НЛБ Банка АД Скопје се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Македонија, со остварена добивка од 34,6 мил. ЕУР во 2017 година и добивка од 30,2 мил. ЕУР за првите девет месеци од 2018 година. Одличните резултати на НЛБ Банка се резултат на континуирани и интензивни продажни активности во сите сегменти од работењето, квалитетни финансиски услуги, подобрување на наплатата и намалување на портфолиото на нефункционални побарувања, како и значајни инвестиции во дигиталните сервиси со цел нивна поголема достапност и функционалност.

НЛБ Банка АД Скопје согласно својата стратегија, во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти и континуирано и посветено работи на оптимизирана и персонализирана понуда, согласно потребите на различни сегменти на клиенти. Банката продолжува да ги следи светските трендови во банкарството и технологијата во насока на поголема дигитализација и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, Банката континуирано ја осовременува и мрежата на експозитури, со што на своите клиенти, им дава широк избор за извршување на финансиските услуги преку современите или традиционалните канали за продажба.

Домашни банки

НЛБ Потрошувачки кредити – Баш како што сакаш!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови потрошувачки кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје врши промена за водење сметки на пензионери

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје ги известува своите клиенти дека, почнувајќи од 01.04.2019 ќе изврши промена на надоместокот за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange