Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка – најдобра банка во Македонија според Euromoney

Објавено

на

На 11-ти Јули, 2018 година на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон, НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија.

Ова награда е уште една потврда за особениот успех во надминувањето на сите поставени предизвици на Банката, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати.

Во своето соопштение магазинот Euromoney објаснува зошто НЛБ Банка АД Скопје ја прогласи за најдобра банка во Македонија за 2017 година:

„Натпреварувајќи се на висококонкурентен банкарски пазар, банката која се истакна со резултатите минатата година во Македонија е НЛБ Банка АД Скопје, благодарение на остварената доминатна профитабилност во секторот, подобрениот квалитет на средствата и инвестициите во дигитализацијата.

Банката оствари поврат на капиталот од 28% како резултат на остварената добивка од 40 милиони евра што претставува годишен пораст од 60%. Овој импресивен резултат во голема мера беше поттикнат од силниот раст на кредитирањето на населението, работењето со картички, платежните услуги и продажбата на осигурителни производи. За истото придонесе и зголемувањето на нето каматната маргина на 4,9%, а фокусот на ефикасноста ја одржа стапката на трошоци во однос на приходите на само 38%.

Вкупната актива се зголеми за 7,2% во 12-те месеци до крајот на декември 2017 година, во согласност со растот на кредитирањето и депозитите, со што НЛБ Банка АД Скопје оствари учество од 16,4% на локалниот пазар. Учеството на нефункционалните кредити се намали за 0,5 процентни поени и изнесуваше 5,2%, додека на крајот на годината стапката на адекватноста на капиталот порасна на 14,4%.

Дигиталниот развој на Банката за периодот за кој се наградува вклучува лансирање на НЛБ мПроклик – мобилна апликација за правни лица, како и континуираното надградување и степенот на користење на НЛБ мКлик – мобилната апликација за физички лица.”

НЛБ Банка АД Скопје согласно својата стратегија во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти и континуирано и посветено работи на изнаоѓање на најоптимални решенија за секој поединечен клиент.

Банката и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и креативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури на Банката. На тој начин на своите клиенти им дава избор да се одлучат за новите и современи или за традиционалните начини на работење со Банката.

ЗА НАГРАДАТА

Euromoney Award for Excellence се награди кои навистина им значат на банките. Оваа година 1.500 банки влегоа во конкуренција за 20-те глобални и 50-те регионални награди, како и за наградата за најдобра банка во речиси 100 земји од светот.

Домашни банки

Адора го зголеми своето учество во Комерцијална Банка

Објавено

на

Комерцијална банка извести дека во изминатиот период преку берзански транскации правното лице Адора Инженерниг се стекна со дополнителни акции издадени од Комерцијална банка.

Во моментов. заклучно со 20.07.2018 година, заедно со поврзаните акции од претходните купувања има учество од 10,1% во основната главнина на Комерцијална банка, пишува во соопштението на берза.

 

Продолжи со читање

Домашни банки

Изложбата „Играчки и роботи “ – дел од Скопско лето 2018 се отвора во НЛБ Галерија

Објавено

на

Во рамки на „Скопско лето“ 2018, на 20.7.2018 година со почеток од 20.30 часот во НЛБ Галеријата ќе биде отворена изложбата „ИГРАЧКИ И РОБОТИ КАКО ЛИКОВНА ИНСПИРАЦИЈА“. Идеен творец на постојката е академскиот скулптор и сликар Лепосава Милошевиќ Сибиновиќ – Лепа од Србија, а изложените дела се од 94 автори од целиот свет.

Милошевиќ Сибиновиќ која гостува благодарение на соработката со ДЛУМ вели: „Човечката потреба за играње, стара колку и човекот, е поврзана со разни предмети, од едноставни, пронајдени во животната средина, до комплексни современи електронски уреди. Играчките се неразделен предмет при растењето кои најмногу го задржуваат детското внимание. 

Во исто време, тие се културен показател за животната средина и времето во кое биле (постоеле) или се се уште актуелни. Малиот човек се идентификува со својот омилен предмет, а честопати во подоцнежните години го чува како симбол на вечен спомен од детството.

Во директен контакт со играчките, се стекнува искуство и вештина, се развива имагинацијата, негува желбата за надминување на пречките, се поттикнува натпреварувачкиот дух но и креативен потенцијал. Сето ова од суштинско значење за разбирање на емоционална и психолошка состојба на детето, за подоцна да станат „потпорен столб” во животот и неговото создавање. Детската игра, длабоко врежаниот запис, исфилтриран низ призма на авторски размислувања, преточен на интригантен материјал како што е пергаментот.
Користејќи ги класичните ликовни медиуми: цртеж, графика, сликарки и комбинирани техники, голем број учесници ги “развиле” своите филмови со посебен емотивен набој, што резултира со интересни визуелни рефлексии. Книги, реализирани од различни авторски поетики, блиски на детскиот начин на гледање на нештата, преку реалистични сцени, асоцијативни па се до најапстрактни.“

Продолжи со читање

Домашни банки

Најповолна провизија за НЛБ Интергрупациските плаќања за правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали провизиите за правни лица за меѓународни девизни плаќања во рамки на банките членки на НЛБ Групацијата (Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина,Косово, Република Српска). Провизијата за Лоро и Ностро дознаки изнесува 5 ЕУР (SHA/BEN опција) , додека провизијата за Ностро дознаки со OUR опција е намалена и изнесува 10 ЕУР.

 

Овие провизии се со важност до 30.06.2019 година и се однесуваат за електронски плаќања извршени помеѓу банките во рамки на НЛБ Групацијата, без разлика на износот на трансакцијата и без SWIFT трошоци.

 

Повеќе информации клиентите можат да добијат во најблиската експозитура на Банката, на контакт телефон 02 / 15 – 600 или на следниот линк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange