Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка најавува дивиденда во бруто износ од 1.980 денари по акција

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги објави предлог Одлуките за претстојното собрание на Банката, кое ќе се одржи на ден 16.04.2020 година.

Согласно Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година и нераспределена добивка од претходни години, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2019 година во бруто-износ од 1.691.040.780,00 денари:

  • 1.672.270.392,00 денари од реализираната добивка во 2019 година.
  • 18.770.388,00 денари нераспределена добивка од претходни години.

Износот на бруто-дивидендата по акција ќе изнесува 1.980,00 денари.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2019 година е 28.04.2020 година. Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 29.04.2020 година.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда за 2019 година е 30.04.2020 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на ЦДХВ.

Исплатата на дивиденда ќе отпочне 30. ден од одржувањето на Собранието на НЛБ Банка АД Скопје. Акционерите што имаат право на дивиденда ќе бидат известени за оваа Одлука со соопштение во еден од дневните весници што излегуваат на територијата на Република Северна Македонија.

Домашни банки

Намалување на каматните стапки на Халкбанк на кредити за физички лица

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје изврши намалување на каматните стапки на потрошувачкиот и хипотекарниот кредит наменети за физички лица и понуди атрактивни услови за станбениот кредит. Овие услови ќе важат во промотивен период  до 31 декември 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ФИКСНО СИ Е ФИКСНО“ – станбен и потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка со фиксна каматна стапка

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје посветено работејќи на визијата да биде прв избор на клиентите и водечка банка по квалитет на услугa, стартува со нови атрактивни понуди за сите клиенти, со најповолни услови. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ќе овозможи тргување со акции без провизија на „Инвеститорскиот ден“ на Македонската берза

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година ќе им овозможи на граѓаните еден ден да купуваат или да продаваат акции на Македонската берза без плаќање провизија за брокерски услуги. Со ова Банката ќе даде свој придонес за успешна реализација на четвртиот по ред „Инвеститорски ден“ на Македонската берза, што ќе се одржи на 13.09.2023 година (среда). (more…)

Продолжи со читање

Популарно